„Волшебниот лифт“ — книга за деца на македонската писателка Славка Манева, првично објавена во 1985 година од издавачката куќа Детска радост, како 40. книга од библиотеката „Другарче“.Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 2.
Содржина Книгата се состои од два прозни текста: „Волшебниот лифт“ и „Мони и Зуза“. Волшебниот лифт Новелата „Волшебниот лифт“ се состои од следниве делови:Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 5-39. Пролог Кај кадифените врапци Кај горските самовилчиња Кај старата желка Големата тага Кај гулабите Кај орлите Кај ветрот Во прегратките на мама
Мони и Зуза Текстот „Мони и Зуза“ се состои од следниве делови:Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 41-68. Пролог На патот кон Соналија Средбата со постариот брат на плачко Средбата со најстариот брат Дедо Мрак Во Соналија Царицата Данка-Спанка
Технички податоци Книгата, со обем од 72 страници и со димензии од 24 сантиметри, е испечатена во ООЗТ Печатница при РО НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 050 примероци. Автор на илустрациите во книгата е Доне милјановски, ликовното и графичкото уредување го направил Франц Кулеванов, а лектурата — Евтим Манев. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, но не ја поседува меѓународната изнака ISBN.Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 71-72.
Наводи
Категорија:Дела на Славка Манева Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Книги од 1985 година Категорија:Македонски дела од 1985 година Категорија:Појавено во 1985 година во Македонија Категорија:Детска книжевност