Камењански Водопади ― низа на водопади на шарпланинската Камењанска Река, над селото Камењане.
Особености Поконкретно, станува збор за девет поголеми (високи од 3 до 12,5-13 м) и бројни помали водопади кои скалесто се редат еден над друг, во должина од 1,5 км. Осумте водопади на Камењанска Река се различни според височината и широчината. Највисокиот водопад е седмиот, кој изнесува околу 12,5 м.
Водопадите имаат тектонско (раседно) потекло, со оглед на тоа што се протегаат покрај доминантниот расед кој ја одделува Шар Планина од Полошко Поле. Освен раседната предиспозиција, водопадите имаат и ерозивен карактер, со оглед на различната отпорност на мезозојските шкрилци и дијабази кои овде наизменично се сменуваат. Така, реката побрзо ги еродирала шкрилците во однос на дијабазите, создавајќи скокови т.е. водопади.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Водопади во Македонија Категорија:Шар Планина