„Дете и светулка“ — стихозбирка за деца на македонскиот писател Живко Ризовски од 1995 година.
Содржина Збирката содржи 44 песни:Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995. Сон Умен одговор Дете и мравка Приспивна песна Мачор-астроном Зајко ловец Песна на болната баба меца Медо Медокрадец Сладок подарок Лоша постапка Писмо Лошо дело Ноќ и зраци Првоаприлска шега Дете и светулка Мравки и зрна Песна за мртвата пеперуга Врни, врни, дожде Есенски разговор Приспивна песна Зима Сивка горделивка Облачиња бели Предзнак Што шепоти дождот Полноќ До кога Славејот дојде Птицата, морето, детето Утрински игри Снешко-Митев Песната на една жаба Умниот Глу Малите шахисти Рибарска незгода Вредно дете Жална вест Јунак дете Полскиот веселник Лажна вест Јунакот наш Ѓошо денес мина лошо Добро дело Чија е сликата Вечно гладен
Технички одлики Книгата, со димензии од 20 сантиметри и со обем од 59 страници, е објавена од издавачката куќа „Наша книга“, во рамки на едицијата „Детски свет“. Ликовно-графичкото уредување го направил Томислав Филиповски, а коректурата е дело на Благородна Билбиловска. Книгата е испечатена во ЗОП „Нова книга“, во Скопје, а со финансиска помош од Министерството за култура на Република Македонија. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-47-006-5. Авторот им ја посветил книгата на неговите сестри Марија и Виолета.
Наводи
Категорија:Дела на Живко Ризовски Категорија:Стихозбирки за деца Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 1995 година Категорија:Појавено во 1995 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1995 година Категорија:Изданија на Наша книга