Alosa macedonica ― езерски вид на риба од семејството Clupeidae, ендемска во Егејска Македонија, денешна Грција. Нејзината единствено природно живеалиште е слатководното Бешичко Езеро. Му се заканува губење на живеалиштето.
Биологија Alosa macedonica е припадник на родот Alosa, чии други видови често анадромно се преселуваат помеѓу морските и слатките води. Истражувањата покажуваат дека предците на Alosa macedonica живееле во морските региони на Егејското Море.
Alosa macedonica имаат заби во непчената коска и ралникот. Тие имаат приближно 50 пршлени и 106-128 жабрени греблачи. Тие се во должина од околу 181-230 мм и се мрести околу месеците јули и август.
Освен во Белшичкото Езеро, овој вид претходно бил присутен и во Лагадинското Езеро, но во 1995 година езерото пресушило и ги убило сите риби.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ендемизам Категорија:Ранливи видови според МСЗП Категорија:Риби опишани во 1921 година Категорија:Риби на Европа Категорија:Харинговидни