врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c3/Barracuda with prey.jpg/220px-Barracuda with prey.jpg|мини| Баракуда која плени на помала риба. Грабливи риби ― хипермесојадни риби кои активно ловат други риби или водни животни, со примери како ајкули, сабјарки, баракуди, штуки/маскелуншки штуки, жолти штуки, костури (гргечи) и лососи. Некои сештојади риби, како што е црвеностомачната пирана, понекогаш може да бидат и грабливи, иако тие не се строго сметани за задолжително грабливи риби.
Популациите на големи грабливи риби во океаните се проценува дека ќе бидат околу 10% од нивните прединдустриски нивоа до 2003 година, и тие се најмногу изложени на ризик од изумирање; имало непропорционално ниво на изумирање на големи грабливи риби за време на Кредо-палеогенското изумирање пред 66 милиони години. Откриено било дека создавањето на морски резервати ги обновува населенијата на големи грабливи риби како што се Serranidae — групер и морски гргеч.
Грабливите риби ги менуваат видовите на плен како одговор на варијациите во нивното изобилство. Ваквите промени во преференциите се непропорционални и се избрани како еволутивно ефикасни. Грабливите риби може да станат штетници ако се воведат во екосистем во кој стануваат нов врховен грабливец. Пример, видот што предизвика многу проблеми во Мериленд и Флорида, е змијоглавестата риба.
Грабливите риби како што се ајкулите, махи-махи, сабјарките и тунита се дел од човечката исхрана и се цел на рибарството, но тие имаат тенденција да концентрираат значителни количини жива во нивните тела доколку се високо во синџирот на исхрана, особено како врховни грабливци, поради биозголемување.
Грабливците се важен фактор што треба да се земе предвид при управувањето со рибарството, а методите за тоа се достапни и се користат на некои места.
Поврзано
Збеснато хранење Јадење на крлушки Ајкулов напад Ајкула
Наводи
Надворешни врски
Грабливи риби на AquaticCommunity.com Грабливите риби во океаните се во алармантен пад, велат стручњаците Washington Post, 21 февруари 2011 година.
Категорија:Грабливци Категорија:Ихтиологија