„Девојката од Космај“ (српски: Девојка са Космаја) — југословенски филм од 1972 година во режија на Драгован Јовановиќ. Главните улоги ги играат: Људмила Лисина, Михаило Јанкетиќ, Михајло Костиќ Пљака и Никола Симиќ.
Синопсис Војната разделува двајца вљубени. Девојката заминува во партизани и цело време го бара својот љубен, но најпосле дознава дека тој се бори на страната на непријателот. За време на една акција, младиот партизан кој е вљубен во неа, се обидува да ја заштити при што е смртно ранет, а потоа умира на нејзините раце. Така, растргната меѓу две љубови, девојката не доживува ниту една од неа.РТС, Девојка са Космаја (пристапено на 25.9.2022)
Наводи
Категорија:Српски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1972 година Категорија:Филмови на Драгован Јовановиќ Категорија:Филмови со Михаило Јанкетиќ Категорија:Филмови со Људмила Лисина Категорија:Филмови со Михајло Костиќ Пљака Категорија:Филмови со Никола Симиќ Категорија:Љубовни филмови Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови на Центар ФРЗ