мини|300x300пкс| Цртеж од 1799 година, на кој се прикажани прускиот, рускиот и австрискиот владател кои гледаат како републиките никнуваат како печурки околу Франција, ширејќи се кон другите европски престолнини. Терминот Сестринска република () се однесува на марионетските држави (со републиканаско уредување) основани во Средна Европа и на Апенинскиот Полуостров од страна на француските војски или од месни револуционери претежно во периодот меѓу 1797 и 1799 година. Тие биле поддржувани од Првата Француска Република за време на Француските револуционерни војни. Овие републики, иако официјално независни, за своја заштита во голема мера се потпирале на Франција, и повеќе сличеле на автономни територии отколку на независни држави. По прогласувањето на Француското Царство неколку од овие држави биле анектирани од Франција, а останатите биле претворени во монархии управувани од членовите на семејството Бонапарт.
Историја Француската револуција бил период на општествени и политички пресврти во Франција од 1789 до 1799 година. Републиканците кои ја собориле монархијата биле водени од идеалите за народен суверенитет, владеење на правото и претставничка демократија. Републиканците усвоиле идеи и вредности од филозофиите на вигизмот и на просветителството. Француската Република го поддржала ширењето на републиканските принципи низ Европа, но повеќето од овие сестрински републики станале средство за контрола на окупираните земји како клиентски режими. врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c5/D062- N° 435. Les républiques sœurs. - Liv3-Ch16.png/220px-D062- N° 435. Les républiques sœurs. - Liv3-Ch16.png|мини| Франција и сестринските републики во 1798 година.
Наводи
Категорија:Наполеонски држави Категорија:Републиканство Категорија:Француски директорат Категорија:Современа историја на Италија