Жена во градина (La Dame en blanc au jardin) (француски: Femme au jardin) (или Жан-Маргерит Лекадр во градина) — слика започната во 1866 година од Клод Моне кога имал 26 години. Делото е изведено пленер во масло на платно релативно голема големо, 82 на 101 см, и моментално ѝ припаѓа на збирката на музејот Ермитаж во Санкт Петербург, Русија.

Жената на сликата е Жан-Маргерит Лекадр, младата сопруга на неговиот богат братучед Пол-Ежен Лекадр. Лекадр живееле во Авр и имале селска куќа, Ле Кото, во блискиот Сент-Адрес, во чија градина е направена сликата за време на кратка посета. Анализата со Х-зраци покажала дека всушност била насликана над претходна слика.

Стилот на сликата е доста компониран и детален, за разлика од типично импресионистичките дела за кои подоцна Моне бил признат. Три главни предмети, Жан-Маргерит, централната цветна роза во леата со светло-црвени цветови и цветната грмушка од бела роза каде малку настрана млада дама во бело како размислува, додека светлината доаѓа од лева страна, а позадината на платното е составен од засенчени дрвја како жива ограда, а во пазадина на десна страна се приметува почетокт на градината со рози. Светлиот бел фустан на Жан-Маргерит е во живописен контраст со црвените, розовите и зелените растенија и дрвја во градината. Темата ја навестува доживотната страст на Моне за сликање цвеќиња и градини во природен амбиент.

Поврзано 100 големи слики, серија на BBC од 1980 година

Наводи

Категорија:Слики во Ермитаж Категорија:Слики од Клод Моне Категорија:Слики од 1866 година