Златко Заховиќ (, ) ― словенечки фудбалер роден на 1 февруари 1971 година во Марибор.
Заховиќ бил еден од најдобрите словенечки фудбалери. Се прославил во Порто, но играл и за Бенфика, Олимпијакос и Валенсија, со која играл во финалето на Лигата на шампионите во 2001 година. Тој бил познат по неговата способност за дриблање и постигнување гол.EURO 2000 profile; BBC Sport
Како репрезентативец бил средишна фигура на избраниот состав кој се пласирал на двете најголеми натпреварувања, Европските и Светските првенства. Тој го држи рекордот по бројот на настапи и голови за репрезентацијата.
[На 19 март 2018 година бил суспендиран од функцијата спортски директор на НК Марибор.
Клупска кариера Фудбалот започнал да се занимава во младинската екипа на НК Марибор, но никогаш не заиграл за овој клуб како член. Кариерата ја започнаl како член на НК Ковинар од Марибор, каде што бил забележан од Милко Ѓуровски, кој бил на воен рок во Марибор]. Ѓуровски го препорачал на раководството на Партизан каде што заминал во 1989 година. Во сезоната 1990/91 бил позајмен во Пролетер од Зрењанин.
Во 1993 година, поради се понеизвесните услови таму по распадот на Југославија, тој заминал во Португалија и играл за клубот Виторија Гимараеш. Во 1996 година тој преминал во познатиот ФК Порто и во неговиот дрес ги доживеал најѕвездените моменти во португалската лига и Лигата на шампионите, бидејќи бил дури и најдобар стрелец на Порто во сезоната 1998/1999 и еден од тројцата најдобри стрелци во ова натпреварување. Во Порто останал до 1999 година и со тимот освоил три шампионски титули на Португалија, во 1998 година го освои и Купот на Португалија. Во 1999 година, тој преминал во Олимпијакос од Пиреја, но брзо го напуштил клубот поради несогласувања со тренерот. Во 2000 година, тој преминал во Валенсија и во истата сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде биле поразени од Баерн Минхен по изведувањето пенали. Заховиќ бил меѓу оние кои го извеле пеналот, но неговиот инаку добро изведен удар бил брилијантно одбранет од голманот на Баерн, Оливер Кан. И во Валенсија, тој влегол во судир со тренерот, овој пат со Хектор Купер, кој, според него, му давал премалку можности. Затоа во 2001 година ја напуштил Валенсија и се врати во Португалија. Овој пат до лисабонска Бенфика.
Во зимскиот преоден рок од јануари 2005 година, Заховиќ го раскинал договорот со Бенфика и се збогувал од играњето фудбал, до сезоната 2008/2009, кога во 1. МНЗ Марибор одиграл неколку натпревари со Лимбуш Пекре.
Меѓународна кариера Дресот на словенечката репрезентација првпат го облекол на 7 ноември 1992 година на пријателскиот натпревар против Кипар. Во 1999 година, под менторство на Сречко Катанец, се квалификувале за Европското првенство 2000 во Белгија и Холандија, каде постигнал три од четирите словенечки гола. По првенството на виделина излегле првите судири со селекторот Катанец, но НЗС ги затрупал под тепих. Заедно со словенечката репрезентација се квалификувале на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, каде што по првиот меч (кој Словенија го загубила со 3:1 од Шпанија), конечно пукнал. По остриот вербален дуел со Катанец (јавноста се сетила на изјавата извадена од контекст за намерата да се купи Шмарна Гора), НЗС го избркал од репрезентација и го испратила дома.
По Мундијалот, кога Катанец поднесол оставка од селекторската функција, се вратил во селекцијата. По неуспехот во квалификациите за Евро 2004, Бојан Прашникар морал да поднесе оставка од селекторската функција, а на негово место дошол Бранко Облак, поранешниот селектор на младата словенечка репрезентација. Наскоро станало јасно дека Облак сакал да го подмлади играчкиот состав. Така, од репрезентацијата отпаднале и Заховиќ и Павлин, последните претставници на генерацијата што обезбедила пласман на Евро 2000.
Како спортски директор Во август 2007 година се вратил во родниот Марибор и ја презел улогата на спортски директор во најуспешниот словенечки клуб НК Марибор.
По првичниот скептицизам и неуспешниот обид да го назначи Милко Ѓуровски за прв тренер на екипата, Заховиќ на тренерската положба го донесол поранешниот соиграч Дарко Миланич. Во сезоната 2008-09, НК Марибор повторно станач национален првак, а во следната сезона го освоил куп трофејот. Во сезоната 2010/11, Марибор освоил уште една 9-та титула. Во клубот, Заховиќ бил сметан за творец на овие успеси и главен „виновник“ за враќањето на клубот на врвот и пласманот во Лига Европа. Ова го направило исклучително популарен меѓу обожавателите.
Тој се покажал и како успешен преговарач во преносот на фудбалери, бидејќи остварил доста преноси од висок профил, а најистакнат бил преносот на Јосип Иличиќ и Армин Бачиновиќ во Палермо.
Управниот одбор на клубот на 19 март 2018 година го суспендирал од функцијата спортски директор на НК Марибор до понатамошно известување поради неговото отсуство на прес-конференцијата.
Успеси
Партизан
Југословенска лига : 1992/93
Порто
Португалска лига : 1996/97, 1997/98, 1998/99 Куп на Португалија : 1997/98 Португалски Суперкуп : 1998, 1999 година
Олимпијакос
Грчка лига : 1999/2000
Бенфика
Португалска лига : 2004/05 Куп на Португалија : 2003/04
Валенсија
Лига на шампиони : Финалист 2000/01
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Словенци со српско потекло Категорија:Спортисти од Марибор Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Словенечки фудбалери Категорија:Фудбалери од среден ред Категорија:Фудбалери на Првата југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на НК Марибор Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Пролетер Зрењанин Категорија:Фудбалери на Примеира Лига Категорија:Фудбалери на ФК Виторија Гимараеш Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2000