Боксерскиот протокол (потпишан на 7 септември 1901 г,) бил мировен договор помеѓу Кинеското Царство Ќинг и Алијансата од осум држави (Австроунгарија, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Јапонија, Русија и САД, но и Белгија, Шпанија и Холандија), потпишан по задушувањето на Боксерскот востание. Често се смета за еден од неправедните договори.

Преговори за време на Боксерското востание Династијата Ќинг сѐ уште не била поразена кога сојузниците ја презеле контролата врз Пекинг. Сојузниците морале да ги ублажат своите барања за да ја натераат царицата Довагер Циси да ги прифати; на пример, од Кина не се барале територијални отстапки. Многу советници на царицата Давагер во Царскиот двор инсистирале на продолжување на војната, и тврделе дека Кина може да победи бидејќи нелојалните луѓе и предавниците биле тие што дозволиле Пекинг и Тјанџин да паднат во рацете на сојузниците, а во внатрешноста на Кина нема такви луѓе. Сепак, практичната Давагер откако добила гаранции дека ќе продолжи да владее ги прифатила условите за да стави крај на војната.алт=Western side|350x350пкс|Западна странаалт=China side|353x353пкс|Кинеска страна

Клаузули мини|250x250пкс|Потпишување на Боксерскиот протокол. мини|250x250пкс| Сојузот од осум држави за време на прославата во Забранетиот град по потпишувањето на Боксерскиот протокол. Кина требало да им исплати 450 милиони таели сребро (околу 18.000 тони, во вредност од прибл. 333 милиони американски долари или 67 милиони фунти милиони по тогашниот девизен курс) како обештетување во текот на 39 години на осумте држави од алијансата.

Кина го исплатила обештетувањето во злато со растечка каматна стапка од 4%, и долгот бил во целост исплатен на 31 декември 1940 година. После 39 години износот достигнал речиси 1 милијарда таели (или точно 982.238.150).

Износот бил распределен на следниов начин: Русија 28,97%, Германија 20,02%, Франција 15,75%, Британија 11,25%, Јапонија 7,73%, САД 7,32%, Италија 7,32%, Белгија 1,89%, Австроунгарија 0,89%, Холандија 0,7 %, Шпанија 0,03%, Португалија 0,021%, Шведска и Норвешка 0,014%.

Други клаузули

Да се забрани увозот на оружје и муниција, како и материјали за производство на оружје или муниција во период од 2 години, што може да се продолжи на уште две години ако силите сметаат дека тоа е потребно. Уништување на Таку тврдините. Легациските квартови окупирани од силите ќе се сметаат за посебно подрачје резервирано за нивна употреба под исклучителна контрола, во која Кинезите немаат право да престојуваат. Кина го признала правото на секоја држава да има своја постојана стража во споменатите квартови за нивна одбрана. Боксерите и владините службеници требало да бидат казнети за злосторствата или обидите за злосторство против странските власти или нивните државјани. „Канцеларијата задолжена за работите на сите држави“ ( Зонгли Јамен ) била заменета со Странска канцеларија. Кинеската влада требало засекогаш да забрани членство во секакво антистранско друштво, испитите за државна служба требало да бидат суспендирани на пет години, а регионалните и месните функционери лично да одговараат за сите нови антистрански инциденти. Кинескиот цар требало да изрази жалење до германскиот цар за атентатот на баронот фон Кетелер . Кинескиот цар требало да го назначи На'тунг за свој специјален емисар и да го прати кај јапонскиот цар кому ќе му го пренесе изразеното жалење на кинеската влада за атентатот на г-дин Сугијама. Кинеската влада на местото на атентатот на баронот фон Кетелер ќе мора да подигне комеморативен лак испишан на латински, германски и кинески. Да им го право на државите од Алијансата да стационираат војници на определени места.Pamphlets on the Chinese-Japanese War, 1939–1945. [Published 1937] Sino-Japanese Conflict, 1937—45. Digitized May 30, 2007. No ISBN.

Поврзано

Боксерско востание Сојуз од осум држави Довагер Циси

Наводи

Надворешни врски

Викиизвор Договор Ксинчу Текст на Боксер протоколот, Пекинг 7. септември 1901 година Протоколот за боксер Corner.org

Категорија:Договори на Холандија Категорија:Договори на Руската империја Категорија:Мировни договори на Обединетото Кралство Категорија:Мировни договори на САД Категорија:Мировни договори на Холандија Категорија:Мировни договори на Шпанија Категорија:Мировни договори на Австрија Категорија:Договори на Белгија Категорија:Мировни договори на Италија Категорија:Мировни договори на Германија Категорија:Мировни договори на Јапонија Категорија:Мировни договори на Кина Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Боксерско востание Категорија:Неправедни договори Категорија:Мировни договори на Австроунгарија Категорија:Мировни договори на Русија