мини|250п|Неколку маглини во соѕвездието Орион сметани за длабоконебесни тела
Длабоконебесно тело — секое небесно тело не не е поединечна ѕвезда или тело од Сончев Систем (како Сонцето, Месечината, планета, комета итн.). Оваа класификација претежно се користи во љубителската астрономија, каде под поимот се подразбираат слабосјајни тела кои можат да се набљудуваат со голо око или скромни телескопи како ѕвездени јата, маглини и галаксии. Поимот се однесува на приодот кон набљудување на телата, а не карактерот на самите тела.
Потекло и класификација Класификацијата на неѕвездени небесни тела почнала набргу по измислувањето на телескопот. Еден од првите опфатни списоци е Месјеовиот каталог од 1774 г., каде се опфатени 103 „маглини“ и други сјабосјајни и матни тела кои му правеле пречки бидејќи Месје трагал по комети. Со унапредувањето на телескопите, овие бледи маглини почнале да се разложуваат на поопписни научни класи како меѓуѕвездени облаци, ѕвездени јата и галаксии.
Длабоконебесно тело како астрономска класификација за овие тела води потекло од современата љубителска астрономија. Не е познато кој го вовел, но поимот е популаризиран во колумната „Чуда од длабокото небо“ (Deep-Sky Wonders) во американскиот месечник Sky & Telescope, чие прво издание излегло во 1941 г. Списанието го отпочнал Леланд Коупленд, а автор на текстовите долги години бил Волтер Скот Хјустон. Неговите колумни, како и подоцнежните книги во кои се собрани истите, го популаризирале поимот. Секој месец читателот бил воден низ мал дел од небото, истакнувајќи познати и помалку познати тела за набљудување со двоглед или мал телескоп.
Набљудувања и активности мини|десно|250п|Карта на соѕвездието Лебед со местоположбите на сјајните длабоконебесни тела Постојат многу љубителски техники и активности поврзани со длабоконебесните тела. Некои од телата се доволно сјајни за да се најдат со двоглед или мал телескоп. Меѓутоа за најслабосјајните тела потребна е светлозбирна моќ на телескопи со голем објектив, и не можат да се најдат и видат со голо око. Ова довело до популарноста на телескопите GoTo кои автоматски ги наоѓаат длабоконебесни тела, како и големи рефлекторски телескопи (како оние во Добсонов стил) со широки видни полиња погодни за такви набљудувања. За набљудување на слабосјајни тела е потребно темно небо, па затоа ваквите преносливи телескопи се згодни за љубителите кои ги носат во природа, подалеку од светлински загадените урбани места.The Observer's Handbook, Royal Astronomical Society of Canada, p. 63 За да го сузбијат загадувањето и да го засилат контрастот, набљудувачите користат маглински филтри предвидени да примаат извесни бранови должини, а да попречуваат непожелни.
Постојат организирани активности поврзани со длабоконебесните тела како Месјеовиот маратон, кој се одржува на извесен ден секоја година и го поттикнува набљудувачите да ги најдат сите 110 Месјеови објекти за една вечер. Бидејќи Месјеовиот каталог е откриен со релативно мали телескопи од XVIII век, тој е популарен меѓу набљудувачите бидејќи телата во него се на дофат на нивните љубителски инструменти. Постои многу потежок испит наречен „Хершел 400“ предвиден да ги испроба можностите на поголеми телескопи и искусни љубители.
Видови на длабоконебесни тела Постојат многу видови на тела кои одговараат на писот длабоконебесни. Критериумот е дека телата треба да не бидат од Сончевиот Систем и не се ѕвезди, па така списокот го опфаќа следново:
Ѕвездени јата Расеани јата Збиени јата Маглини Сјајни маглини Оддавни маглини Отсјајни маглини Темни маглини Планетарни маглини Галаксии
Поврзано Ѕвезден каталог Љубителска астрономија Набљудувачка астрономија
Наводи
Извори Neil Bone, Wil Tirion, Deep Sky Observer's Guide. Firefly Books, 2005. . Jess K. Gilmour, The practical astronomer's deep-sky companion. Springer, 2003. . Jack Newton, Philip Teece. The Guide to Amateur Astronomy. Cambridge University Press, 1995. . W. H. Finlay, Concise Catalog of Deep-sky Objects: Astrophysical Information for 500 Galaxies, Clusters and Nebulae. London: Springer, 2003. . Includes the Messier objects, Herschel 400 & more. Roger Nelson Clark, Visual astronomy of the deep sky. CUP Archive, 1990. .
Надворешни врски „Прирачник за набљудувачите на длабокото небо“ — база со описи на длабоконебесните тела и планер за набљудување
Збирки и каталози на длабоконебесни тела сличи на Месјеовиот — clell.de Набљудување на длабоконебесните тела — „Два стрелца“
Категорија:Астрономска номенклатура Категорија:Набљудувачка астрономија Категорија:Ѕвездени јата Категорија:Галаксии Категорија:Маглини