мини|Музејот за природна историја на Харвард. Сидерит. Gilman, Eagle Co., CO (DerHexer) 20.07.2012 Сидерит е минерал составен од железо (II) карбонат (FeCO3). Името доаѓа од грчкиот збор сидерос (σίδηρος) што значи „железо“. Тој е ценет минерал на железото, затоа што содржи 48% железо и нема сулфур ни фосфор. Сидерит има Мохсова цврстина од 3,75-4,25, специфична тежа од 3,96, сјај на стаклестото тело или бисерен сјај. Сидеритот е антиферомагнетен под својата Кириева температура од 37 К.
Сидерит најчесто се наоѓа во хидротермалните вени и е сврзан со барит, флуорит, галена и други. Тој е исто така чест дијагенетски минерал во шкрилците и песочниците, каде што понекогаш формира конкременти, кои можат да обложат тридимензионално зачувани фосили. Во седиментните карпи, сидеритот најчесто се формира на плитки длабочини и неговиот основен состав честопати е сврзан со другите седименти.Mozley, P.S., 1989, Relation between depositional environment and the elemental composition of early diagenetic siderite: Geology, v. 17, p. 704- 706
Наводи
Категорија:Железна руда Категорија:Триаголни минерали Категорија:Карбонати Категорија:Карбонатни минерали