Театарот бил воведен во Катар во средината на 20 век. Повеќето претстави се одржуваат во Катарскиот национален театар и Катарскиот национален конгресен центар.
Историја Првата официјална театарска група во земјата е создадена во 1972 година како „Катарска театарска група“. Истата година, тие ја продуцирале својата прва претстава. Следната година била основана втора група како „Театарската група Ал Сад“. До 1986 година, првата театарска компанија била основана со цел да им помогне на групите и на глумците во производството на претстави. Во овој период биле создадени уште две театарски групи: Театарската група „Светлина“ и „Народна Театарска група“. Во 1994 година, четирите групи биле споени во две групи: Катарска театарска група и Театарска група на Доха.
Најстариот аматерски театарски клуб на англиски јазик во Катар е The Doha Players. Клубот е формиран во 1954 година, а во 1978 година создал официјална локација, со што станал единствениот аматерски театарски клуб што во тоа време имал своја театарска локација.
Места на одржување мини|200x200пкс| Катарски Национален театар Театарските претстави се одржуваат на различни места. Катарскиот Национален Конгресен центар располага со театарска сала со 2.300 седишта.
Катарскиот национален театар, кој е во сопственост на Министерството за култура, уметност и наследство, стапил во функција во 1982 година и има капацитет од 490 седишта.
Во културното село Катара има затворен театар со седишта за 430 луѓе. Во Сук Вакиф има затворен театар со капацитет од 980 седишта, познат како Театарот Ал Реијан.
Теми Од појавата на театарското движење во Катар, постои противење кон нетрадиционалните теми прикажани во претставите. Еден фактор што предизвикал неодобрување е распространетоста на модерните драми кои се во спротивност со длабоко вкоренетите исламски вредности. Друга главна причина за спротивставувањето во инаугуративните години на театарот, била и појавата на идеолошки јаз помеѓу поконзервативната постара популација во земјата и полибералната млада популација што била предизвикана од брзиот економски развој на Катар во средината на 20 век.Muḥammad ʻAbd al-Raḥīm Qāfūd (2002), p. 58
Абдулрахман Ал-Манаи ја напишал првата драма која го адресирала конфликтот помеѓу генерациите со различни гледишта, со наслов Омул Заин.Muḥammad ʻAbd al-Raḥīm Qāfūd (2002), p. 61
Темите поврзани со полигамијата, бракот, семејните проблеми и корупцијата на децата обично се сметаат за табу теми. Примарната причина за ова е затоа што таквите теми најчесто вклучуваат преиспитување на традиционално зачуваните вредности.Muḥammad ʻAbd al-Raḥīm Qāfūd (2002), p. 67 Пример за ова е драмата Ибтисам на обвинителна клупа од 1985 година, напишана од Салех Ал-Манаи и Адил Сакар. Во приказната се раскажува за животот на една млада девојка која, откако стапила во тајна врска, на својот татко му ја исповедала својата разочараност од застарените традиции и додворувачот што нејзиното семејство го договорил да се омажи.Muḥammad ʻAbd al-Raḥīm Qāfūd (2002), p. 68 Друга претстава, „Пазар за девојки“ од Абдула Ахмед и Асим Тавфик, исто така дава социјални коментари за договорените бракови. Во драмата се споредуваат чинот на нудење на жените со плаќање на додворувачи и тргувањето со стоки на пазарот, па оттука доаѓа и поврзаноста на договорениот брак со материјализмот.Muḥammad ʻAbd al-Raḥīm Qāfūd (2002), p. 72
Кога квартетот составен од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинале сите врски со Катар и вовеле блокада на Катар на 5 јуни 2017 година, пораснал бројот на драми со политичка тематика. Еден од најпознатите е оној на Ганем Ал Сулаити, со наслов Што се случува?, што го сатира политичкиот спор меѓу Катар и неговите соседи, оди дотаму што директно ги критикува земјите што ја направиле оваа блокада.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Катарска култура Категорија:Театар Категорија:Катар