мини|391x391пкс| Светите отци, носители на Светото предание (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) Свето предание (, ) — усно пренесување на учењето на Господ Исус Христос и настаните од евангелската историја. Тоа постоинапоредно со Светото писмо, го надополнува и помага правилно да се разбере.

Светото предание се однесува на сите оние духовни богатства наследени од светите предци, кои се во совршена хармонија со Светото писмо. Светото предание е многу пообемно од Светото писмо. Апостолот и евангелист Јован вели: „И има многу други работи што ги направил Исус, кои, ако се наведат по ред, мислам дека ни во самиот свет, напишаните книги не би можело да ги собере“. “ (Јов. XXI, 25). Православната црква смета дека Светото предание е постаро од Новиот завет и дека е во целосна согласност со неговото објавување.

Во Православната црква Светото предание опфаќа:Вера светих — Катихизис источне православне цркве, епископ Николај Д. Велимировић, издање Светог архијерејског синода, стр. 8 и 9

кратки излагања и формулирања на православното верување; учењето за седумте свети тајни, како и чиновите како тие се вршат; апостолски правила (канони); правилата (каноните) на седумте вселенски собори; канони и правила на неколку месни синоди или собори; правила за црковна дисциплина на свети Василиј Велики и други светци; списи на светите отци; литургии и други црковни служби; житијата на христијанските светци и маченици; побожни обичаи, значења и симболи како израз на православната вера, надеж и љубов.

Денеска оние христијански цркви кои покрај Светото писмо го признаваат и почитуваат Светото предание се нарекуваат традиционални цркви (историски цркви). Тоа се Православната, Католичката и древните источни цркви.

Наводи

Категорија:Католицизам Категорија:Православие