Ана Голејшка Џикова (р. 1987) — македонска писателка и поетеса.
Творештво
Голејшка Џикова е авторка на стихозбирките „Љубов на улица“ (2013), „Напишан дом“ (2018) и „Слобода А“ (2022), како и на три сликовници за деца. Покрај тоа, објавила песни во американското списание „Мантис“ (2017) и во австриското книжевно списание „Литератур унд критик“ (2020). Заедно со Ѓоко Здравески е основачка на книжевните читања под наслов „Астални проекции“, а исто така е еден од организаторите на „Скопскиот поетски фестивал“.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 368. Три нејзини раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 337-340.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поетеси Категорија:Родени во 1987 година