Океанскиот дел од квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2022 делувале како квалификации за Светското првенство на ФИФА 2022, што се одржало во Катар, за државните репрезентации кои се членки на Фудбалска конфедерација на Океанија (ОФЦ). Вкупно 0,5 слободни места биле достапни за тимовите на ОФЦ на завршниот турнир, односно едно место во плеј-офот меѓу конфедерациите.
Поради пандемијата на КОВИД-19 во Океанија, квалификациите се одржале како централизиран турнир во Катар од 17 до 30 март 2022 година.
Формат Во ноември 2021 година, ОФЦ го потврдил форматот за квалификациите како одговор на пандемијата КОВИД-19.At the time of the draw, the Cook Islands and Tonga were scheduled to play a single qualification match. On 29 January 2022, Tonga withdrew from qualification, and the Cook Islands advanced to the group stage. Квалификациската фаза требало да биде еден натпревар на 13 март 2022 година помеѓу двете најниско рангирани нации учеснички на ОФЦ на Светската ранг листа на ФИФА, при што победникот ќе напредувал во групната фаза, но Тонга се повлекла од квалификацискиот натпревар предизвикувајќи Куковите Острови автоматски да влезат групната фаза. Потоа, осум преостанати тимови биле извлечени во две групи од по четири, играјќи по еден натпревар едни против други. Двете првопласирани селекции од секоја група се пласирале во нокаут фазата со еден натпревар. Конечниот победник се пласирал во меѓуконфедерацискиот плеј-оф.
Пријавени тимови На 28 јули 2020 година, ОФЦ потврдила дека квалификациите ќе ги вклучат сите единаесет тимови на ОФЦ. На 29 ноември 2021 година, датумот на извлекувањето на групната фаза, ФИФА објавила дека девет од единаесетте репрезентации поврзани со ФИФА од ОФЦ ќе влезат во квалификациите, бидејќи Американска Самоа и Самоа се повлекле. На 29 јануари 2022 година, два месеци по ждрепката во групната фаза, но два месеци пред да започне натпреварувањето, Тонга исто така се повлекла поради ерупцијата и цунамито Хунга Тонга–Хунга Хаапаи во 2022 година. На 19 март 2022 година, Вануату се повлекле откако турнирот започнал поради мнозинството играчи кои биле позитивни на КОВИД-19. На 23 март 2022 година, Куковите Острови исто така се повлекле по почетокот на турнирот поради позитивни тестови на играчи за КОВИД-19. +Од Светското рангирање на ФИФА во ноември 2021Влегле во квалификациитеСе повлекле пред да играат П Се повлекле по еден натпревар
Распоред Квалификациите првично се очекувале да започнат во септември 2020 година, но многу меѓународни натпревари закажани во прозорецот на ФИФА во тој месец биле откажани во јуни 2020 година поради пандемијата на КОВИД-19, додека плеј-офот меѓу конфедерациите исто така бил преместен од март до јуни 2022 година.
Во ноември 2020 година, ОФЦ објавила дополнително одложување на квалификацискиот процес до јуни 2021 година.
Во март 2021 година, конфедерацијата објавила дека ниту оваа временска рамка нема да биде остварлива, наведувајќи ја потенцијалната опција за организирање натпревари во јануари 2022 година, задржувајќи ги датумите на Меѓународниот календар на натпревари на ФИФА во март достапни за подготвителни натпревари пред плеј-офот меѓу конфедерациите во јуни. Фиџи и Нова Каледонија биле предложени како можни места за одигрување на натпреварите.
До септември 2021, континуираните одложувања значеле дека ОФЦ „не се во можност да организираат квалификациски натпревари во регионот на Океанија“ и како алтернатива, тие побарале одобрување од ФИФА за квалификациите да се одржат во Катар во март 2022 година. Ова било потврдено од ФИФА на 29 ноември 2021 година.
Стадиони Натпреварите се играле на две локации во градот Доха. +ДохаСтадион Ал-АрабиСтадион Катар СЦКапацитет: 13,000Капацитет: 15,000 200x200пкс
Квалификациски натпревар Требало да се одржи квалификациски натпревар помеѓу двете најслабо рангирани селекции (Тонга и Куковите Острови) за да се одреди осмата екипа што ќе се натпреварува во групната фаза. Натпреварот бил откажан откако Тонга се повлекла поради ефектите од ерупцијата и цунамито Хунга Тонга–Хунга Хаапаи во 2022 година; Куковите острови се пласирале во групната фаза.
Резултат Тим 1РезултатТим 2Откажан
Натпревар
Групна фаза Седумте највисоко рангирани екипи на ОФЦ кои влегле во натпреварувањето се пласирале дирекно во групната фаза заедно со победникот од квалификацискиот натпревар. Тимовите биле поделени во две групи, од кои секоја имала по четири екипи. Секој тим играл со секој друг тим во својата група еднаш, а победниците и второпласираните од секоја група се пласирале во полуфиналето.
Ждрепка Извлекувањето на групната фаза било одржано во Цирих, Швајцарија на 29 ноември 2021 година, 21:00 часот по средноевропско време. Во моментот на ждрепката не бил познат идентитетот на победникот на квалификацискиот натпревар. Ждрепката започнала со садот 2 и завршил со садот 1, при што тимовите биле распоредени во групите последователно (прво А, потоа Б). Првите две извлечени репрезентации биле доделени на позицијата 4, следните две биле доделени на позицијата 3, а последните две на позицијата 2. Двете највисоко рангирани екипи, Нов Зеланд и Соломонските Острови, биле доделени на позициите А1 и Б1, и затоа не биле извлечени во истата група. +Од Светското рангирање на ФИФА во ноември 2021Шешир 1Шешир 2 Од ждрепката биле извлечени следните групи: +Група АТимA1A2A3A4 +Група БТимB1B2B3B4
Група А #ТимНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод.Квалификации1.110031 +23Пласман во последната фаза2.100113−203.00000000Се повлекле4.00000000
Група Б #ТимНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод.Квалификации1.3300121 +119Пласман во последната фаза2.320132 +163.310237−434.3003210−80
Нокаут фаза Во нокаут фазата, ако натпреварот во предвиденото време заврши нерешено, ќе се игра дополнително време (двапати од по 15 минути), а доколку и понатаму е нерешено ќе следува и изведување пенали за да се одреди победникот.
Полуфинале
Финале
Меѓуконфедерациски плеј-оф Плеј-офот меѓу конфедерациите бил одреден со ждрепката одржана на 26 ноември 2021 година. Победникот од ОФЦ бил извлечен против четвртопласираната екипа од третото коло на КОНКАКАФ квалификациите. Плеј-офот се одиграл како еден натпревар во Катар на 14 јуни 2022 година. Тим 1РезултатТим 21-0
Наводи