Игор Ѓоргиев (роден на 2 јуни 2000 г.) — македонски ракометар кој игра за Алкалоид и за македонската репрезентација.
Клупска кариера Ѓоргиев започнал да тренира ракомет во Струмица, во Зомимак-М, а потоа преминал во младинските категории на Вардар, каде што се изборил за место во првиот тим на Вардар Јуниор, со кој играл во македонската супер лига.Составот на Вардар Јуниор кој ќе се натпреварува во супер лигата, за сезона 2018/19 vardarfans.mk; 14 август 2018 Во летото 2019 година, тој се преселил во редовите на прволигашот Голден Арт КЛ7. Пред почетокот на сезоната 2021–22, тој направил трансфер во новоформираниот македонски клуб, Алкалоид.Први засилувања за РК Алкалоид, потпишаа талентираните Серафимов и Ѓоргиев (ФОТО) mkd.mk; 30 јули 2021
Репрезентативна кариера Ѓоргиев за прв пат добил повик за сениорската репрезентација на Македонија во февруари 2021 година од страна на селекторот Кирил Лазаров, за квалификациските натпревари против Данска за Европското првенство 2022,Лазаров го соопшти списокот за двобојот со Данска Кајгана; 26 февруари 2021 а потоа се нашол и на скратениот список за двата натпревари.
Тој бил дел од составот на Македонија на Европското првенство 2022.
Наводи
Надворешни врски Игор Ѓоргиев на Европската ракометна федерација
Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Ракометари од Струмица