Фудбалската репрезентација на Австралија ја претставува Австралија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Австралија. Таа е членка на Азиската фудбалска конфедерација (АФК) од 1 јануари 2006 година, додека претходно била членка на Фудбалската конфедерација на Океанија (ОФК).

Австралија е, до денес единствената репрезентација, која освоила континетална титула на две различни конфедерации, освојувајќи го Купот на Океанија четири пати помеѓу 1980 и 2004 година, како и АФК Азискиот куп во 2015 година на домашен терен. Исто така, таа е единствената репрезентација во светот што претставувала две различни конфедерации (АФК и ОФК) на светското фудбалско првенство, на кое учествувала во 6 досегашни изданија (првпат во 1974), достигнувајќи како најдобар резултат, до осминафиналето во 2006 и 2022 година. На Купот на конфедерации, репрезентацијата учествувала во 1997, 2001, 2005 и 2017 година, стигајќи до второто место како најдобар резултат во нивното прво учество, во 1997 година, кога во финалето загубиле од .

Играчите и навивачите на австралиската репрезентација го носат прекарот Socceroos, термин кој дошол со спојување на зборовите soccer (на македонски фудбал) и kangaroos (на македонски кенгур).

На светската ранг-листа на ФИФА, формирана во август 1993 година, Австралија може да се пофали со 21. место како најдобар пласман во јули 2009 година, додека најлошиот пласман и бил 102. место во ноември 2014 година.

Историја Австралиската репрезентација ги одиграла своите први натпревари на турнејата во Нов Зеланд во 1922 година, при што забележала два порази и едно реми. Во текот на следните 25 години, Австралија, , и имале можност да играат меѓу себе многу пати во пријателски натпревари. Како што се намалувале трошоците за авионски патувања, Австралија можела да ја прошири својата листа на противници, иако нејзината географска изолација ќе продолжи да игра улога уште долго време.

Први обиди за пласман на Светското првенство Репрезентацијата успеала да се квалификува за светско првенство за првпат на изданието во 1974. По 32 години неуспешни обиди, тие повторно успеале во 2005 година, квалификувајќи се на првенството преку плејофот против во квалификациите за Светското првенство 2006. Овие потешкотии за Австралија се должеле и на она што било предвидено со прописите на ФИФА, според кои тие требало да одиграат долга серија натпревари за да се обидат да изборат квалификација за Светското првенство.

Непријатни противници Првиот обид на Австралија да се квалификува за некое Светско првенство датира од 1965 година, во пресрет на мундијалот во Англија 1966. Претходната година, поради одлуката на ФИФА ​​да додели места на репрезентации кои не се европски и не се од Јужна Америка, Австралија требало да игра во плејофот против , но, бидејќи Северна Кореја дотогаш била политички ентитет кој не бил признат од многу нации, вклучително и Англија, натпреварот се играл на неутрален терен во Камбоџа и во тој двомеч Севернокорејците биле доминантни: победиле со 6-1 на 21 ноември 1965 година и 3-1 три дена подоцна.Socceroo 1965 Matches

Последователните квалификации за Светските првенства во 1970, 1978, 1982 и 1986, Австралија играла натпревари против политички изолирани нации (т.е. неврзани земји). Противници, меѓу другите, биле (географски најблиските арапски нации одбиле да играат), (кој не бил официјално признат од Кина), (земја во која штотуку имало револуција), и Нов Зеланд. Во секој случај, победникот на овие „прелиминарни турнири“ секогаш морал потоа да се соочи со една или две посилни репрезентации во плејофот, кои доаѓале од Европа или од Јужна Америка.

Протестите на Австралиската фудбалска федерација и обидите за приклучување кон Азиската конфедерација биле одбиени, но квалификацискиот пат бил поедноставен за првенството во Италија 1990, издание на Светското првенство во кое ОФК имале едно место директно во плејофот.

Обиди да се квалификуваат на Светско првенство (1994–2005) Патот на Австралија до САД 1994 бил уште еден пример за тешкиот пат во квалификациите низ кој морала да мине репрезентација од Фудбалската конфедерација на Океанија. За да се пласира на Светското првенство, Австралија морала да помине низ три круга на квалификации, од кои првиот била групата во ОФК квалификациите. Австралија завршила на првото место во групата 1, победувајќи на четири натпревари против и , постигнувајќи 13 гола. Потоа играле против во плејофот на групата Океанија: првиот натпревар се одиграл во Нов Зеланд на 30 мај 1993 година и завршил со резултат 1-0 за Австралија, која го повторила успехот и славела со 3-0 и во реваншот, за да мине понатаму со вкупен резултат 4-0. Откако победила во плејофот со Нов Зеланд, Австралија морала да игра двомеч против , второпласираната репрезентација во третата рунда од КОНКАКАФ зоната на квалификациите. Првиот натпревар бил одигран во Канада на 31 јули 1993 година и завршил со победа на Канада од 2-1, додека во реваншот, одигран во Сиднеј на 15 август, Австралија победила со истиот резултатат, со што го однела натпреварот во продолженија, а таму резултатот не се сменил. Така, се стигнало до пенал-рулетот, во кој повеќе концентрација имале фудбалерите на Австралија победувајќи со резултат 4-1. Со победата во двомечот со Канада, репрезентацијата на Австралија се квалификувала за плејофот против петтопласираната репрезентација од КОНМЕБОЛ зоната, а тоа бил поранешниот Светски шампион . Првиот натпревар, одигран во Сиднеј на 31 октомври 1993 година, завршил 1-1, додека реваншот одигран на 17 ноември, го добила Аргентина со 1-0, која на тој начин успеала да избори пласман на Светското првенство 1994 во САД.

mini|thumb|Франк Фарина, на чело на австралиската репрезентација од 1999 до 2005 Во ноември 1997 година, по победата во квалификациската група на Океанија, Австралија се соочила со во два натпревари, од кои победникот ќе заработи место на завршницата од Светското првенство 1998 во Франција. Австралија, предводена од познатиот англиски тренер Тери Венејблс, повела со 1-0 во првиот натпревар игран во Техеран, меѓутоа пред крајот на првото полувреме Иран успеал да изедначи на 1-1. Тоа воедно бил и конечен резултат на натпреварот, оставајќи впечаток дека Австралија стекнала предност пред реваншот на домашен терен кој требало да го одреди патникот на Мундиајлот во Франција. Како и да е, во возвратниот натпревар одигран во Мелбурн, Иран успеал да дојде до изедначување на резултатот на 2-2 во последните минути од натпреварот со голот на Ходадад Азизи и со тоа успеале да ја минат рундата, одлучувачка за квалификување на Светското првенство 1998, благодарение на правилото за гол во гости.

И покрај неуспехот, Австралија била во можност да се искупи веќе истата година, играјќи го изданието во 1997 година на Купот на конфедерации како победник на Купот на Океанија 1996: таму го победиле со 3-1 и одиграле нерешено 0-0 против , тогашниот актуелен светски шампион. Откако успеале да ја минат групата како вторпласирани (и покрај поразот со 1-0 од ), во полуфиналето се сретнале со . Натпреварот со јужноамериканците завршил без голови, 0-0 по регуларното време, по што Хари Кјуел бил автор на златниот гол за победа на Австралија. Во финалето против Бразил, репрезентацијата на Австралија претрпела тежок пораз од 6-0, но и покрај тоа тие останале забележани како првиот и досега единствен претставник на ОФК конфедерацијата којшто го освоил второто место на Купот на конфедерации.

Во 2001 година Австралија, и покрај тоа што немала можност да игра со најсилната постава и стандардните репрезентативци, сепак ја освоила квалификациската група на океанската конфедерација со леснотија. Меѓу резултатите за помнење, можеме да се сетиме на еден натпревар добиен со резултат 22-0 против , како и на оној добиен со рекорден резултат од 31-0 против . И покрај недостатокот на двајца основни играчи, Хари Кјуел и Марк Видука, Австралија успеала да победи во баражот на ОФК зоната против . Така, за да се пласираат на Светското првенство 2002, тие пристапиле во последната квалификациска фаза каде се соочиле со последната пречка, репрезентацијата на , петтопласираната во јужноамериканските квалификации. Во првиот натпревар во Мелбурн, Австралија победила со 1-0 со голот на Кевин Мускат од пенал, но тоа не било доволно да се квалификува за Светското првенство бидејќи во реваншот во Монтевидео загубиле со убедливи 3-0.

По ова Светско првенство, ФИФА ​​одлучила, за пласман на завршницата на турнирот, првопласираната репрезентација од квалификациите на Океанија повеќе да немора да игра плејоф со петтиот од јужноамериканската група. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, највисокиот фудбалски орган ја отповикал својата одлука и со тоа предизвикале многу контроверзии, меѓудругото исто така и поради притисокот што го извршила јужноамериканската федерација, КОНМЕБОЛ, која што всушност се покажала многу задоволна од тоа.

И покрај разочарувачките резултати постигнати во квалификациите за Светското првенство, Австралија успеала да го покаже својот квалитет, преку пријателските или други натпревари, остварувајќи добри резултати против силните европски и јужноамерикански екипи. На Купот на конфедерации 2001, Австралија го победила со 2-0, а со голот на Клејтон Зејн ја совладала и со 1-0, за потоа само заради поразот со 1-0 од да ја мине групата како втора, и да биде елиминирана во полуфиналето од со 1-0, но ја освоиле бронзата во една симболична одмазда против со победата од 1-0 со голот на Шон Марфи. Австралија, исто така, одиграла нерешено со Франција 1-1 во Мелбурн во ноември 2001 година, додека во 2003 година победила со 3-1 во Лондон во пријателски натпревар против .

Во 2004 година, Австралија за последен пат учествувала на Купот на Океанија и ја освоила својата четврта и последна титула. Во финалето тие го совладале изненадувањето репрезентацијата на , која успеала да ја заврши групата пред Нов Зеланд, со убедливи 5-1 во првиот натпревар во Хонијара, додека во реваншот било 6-0 за Сокеросите.

Приклучување на Азиската фудбалска конфедерација (АФК) Купот на Океанија во 2004 година бил последен што го играла Австралија. Многу коментатори и навивачи сметале дека единствен начин да се подобри квалитетот на австралиската селекција е да ја напуштат Фудбалската конфедерација на Океанија. Фудбалот во Австралија се развивал со зголемен акцент на официјалните натпреварувања наместо на пријателските натпревари. Всушност, континенталните првенства и нивните квалификации биле главниот извор на официјални натпревари за националните тимови. Учеството во конфедерација во која учествувале поважни екипи од скромните океански репрезентации служело за да се навикне Австралија да се соочува со противници со поголема техничка длабочина и тоа било фундаментално за растот на репрезентацијата.

Џони Ворен, угледен фудбалски радиодифузер и поранешен капитен на Австралија, ја истакнал желбата на Австралија да се приклучи на азиската фудбалска конфедерација, АФК. Иако претходните обиди да се приклучат на оваа конфедерација отсекогаш биле неуспешни, во март 2005 година, протекла информација од Токио дека ФФА е во тајни преговори со АФК за ова прашање за конечно на 23 март извршниот комитет на АФК да донесе едногласна одлука и да ја покани Австралија да се приклучи на конфедерацијата.

Претседателот на АФК, Мохамед Бин Хамам, ги искажал причините за одлуката со овие зборови:

На 17 април 2005 година, извршниот комитет на ОФК едногласно го поддржал предложениот трансфер на Австралија, кој ФИФА го одобрила на 30 јуни 2005 година, со цел да стане ефективен на 1 јануари 2006 година. Затоа Австралија учествувала во квалификациите за Азискиот куп 2007 година, започнати во февруари 2006 година. Сместена во групата Д од квалификациите за Азискиот куп 2007 заедно со Бахреин, Либан и Кувајт, Австралија го направила своето деби на 22 февруари 2006 година, победувајќи го Бахреин со 3-1, во првиот натпревар официјално како член на Азиската фудбалска конфедерација.

Куп на конфедерации 2005