Фудбалска лига на Англија Еден или позната само како Лига Еден (поради спонзорски причини уште се нарекува и Скај Бет Лига Еден) е втора највисока дивизија во Фудбалската лига на Англија, после Чемпионшип, и третото ниво севкупно во англискиот лигашки фудбалски систем, после Премиер лигата и Чемпионшип.
Првото издание на Лига Еден било во сезоната 2004–2005. Претходно лигата била позната накратко како Втора дивизија на фудбалската лига на Англија и многу подолго, пред формирањето на Премиер лигата, како Трета дивизија на фудбалската лига на Англија.
Лигата содржи 24 клубови кои играат помеѓу себе двапати. Првите два клуба на крајот од сезоната, заедно со победникот на плејофот, добиваат промоција во Чемпионшип, додека последните четири клуба на табелата испаѓаат во Лига Два. Последен шампион на лигата е , кој бил победник во сезоната 2021-2022.
Историја Сегашната деноминација била применета во 2004 за да ја замени преодната Втора дивизија, назив кој се користел од 1993 до 2003, наместо класичната Трета дивизија, име со кое категоријата била позната од 1920 до 1992.
Третата дивизија - Југ била инаугурирана во 1920 година, кога фудбалската лига одлучила да се прошири на југот на Англија (област на земјата каде што дотогаш имало многу малку екипи) и со тоа избрале во своите редови 22 нови клубови од Јужната лига. Ова довело до протести од неколку северни клубови, кои исто така се пријавиле да се приклучат, и на тој начин следната година била формирана подеднакво нова лига - Трета дивизија - Север - со 20 клубови. Во 1923 година, бројот на клубови и на северот, исто така, се зголемил на 22 (колку што имала и Третата дивизија - Југ), а во 1950 двете лиги имале по 24 учесници. Само победниците од двете групи имале пристап до повисоката дивизија и тоа ја отежнувало многу промоцијата во Втората дивизија.
Во 1958 било одлучено наместо досегашните две лиги да се воведе единствената група во ова ниво на натпреварување, создавајќи една лига позната само како Трета дивизија, додека исклучените клубови биле собрани во нова Четврта дивизија. Така, местата кои воделе во повисок ранг станале две, додека за да се смират негодувањата на клубовите кои биле спуштени во четвртото ниво, биле утврдени дури четири испаѓања од Третата дивизија. Во 1974 механизмот бил оживеан со трета промоција, која од 1987 година се добива преку систем на играње плејоф.
Во 2013 година биле усвоени правилата елаборирани од УЕФА, кои се однесуваат на финансиски фер-плеј, кои наметнуваат фиксна граница на дозволени трошоци за потпишување на играчите со клубовите.
Правила Во Лига Еден се натпреваруваат 24 екипи кои играат меѓусебно во Бергеров систем, со први и реванш натпревари, за вкупно 46 кола. По 3 поени се доделуваат за секоја победа, по 1 поен за нерешено и без поени за пораз. Во случај на ист број бодови на крајот од сезоната, за формулирање на конечниот пласман се земаат предвид следните критериуми: гол-разлика, поголем број на постигнати голови, посебен пласман во меѓусебните дуели меѓу засегнатите екипи, поголем број на победи, поголем број на голови дадени во гости, фер-плеј и доколку е се тоа изедначено на крајот ќе се игра плејоф натпревар.
Првопласираниот тим на крајот од сезоната ќе биде крунисан за шампион на Лига Еден и добива промоција во Чемпионшип, заедно со второпласираната екипа и победникот на плејофот, во кои учествуваат екипите кои завршуваат од 3-тото до 6-тото место во регуларниот дел од сезоната. Последните четири екипи испаѓаат во Лига Два.
Формула по која се игра плејофот Полуфинале: 4. место - 5. место 3. место - 6. место Двомеч со прв натпревар и реванш, кој најпрво се игра на домашниот терен на полошо пласираната екипа во поредокот, додека подобро пласираната екипа ќе игра на домашен терен во реваншот. Во случај на еднаков број на голови во збирот од двата натпревари (не се применува правилото гол во гости), се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.
Финале: Победникот од полуфинале 1 - Победникот од полуфинале 2 Еден натпревар, се игра на неутрален терен. Во случај на нерешено, се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.
Екипи во сезоната 2022-2023
Клуб Град Стадион Капацитет Акрингтон Краун Граунд 5,057 Барнсли Оуквел 23,287 Бартон на Трент Пирели 6,912 Болтон Јуниверзити оф Болтон 28,723 Бристол Меморијал12,300 Хај Викомб Адамс Парк 9,448 Дарби Прајд Парк 33,597 Ексетер Сент Џејмс Парк8,696 Ипсвич Портман Роуд 30,311 Кембриџ Аби 8,127 Линколн Стедиум ЛНЕР 10,120 Милтон Кинс Стедиум МК 30,500 Морекамб Мазума 6,476 Оксфорд Касам 12,400 Питерборо Лондон Роуд 14,793 Плимут Хом Парк 18,600 Стоук на Трент (Барслем) Вејл Парк19,052 Портсмут Фратон Парк 19,670 Флитвуд Хајбери 5,327 Нејлсворт Њу Лон5,147 Лондон (Чарлтон) Вели 27,111 Челтенам Џони-Рокс 7,066 Шефилд Хилсборо 39,732 Шрузбери Монтгомери Вотерс Мидоу 9,875
Шампиони и промоции СезонаШампиониВторо местоПобедник на плејофот2004-052005-062006-072007-082008-092009-102010-112011-122012-132013-142014-152015-162016-172017-182018-192019-202020-212021-22
Успешност по клубови Клуб Титули Сезони 32015-2016, 2017-2018, 2021-2022 22004-2005, 2018-2019 12010-2011 12014-2015 12011-2012 12019-2020 12012-2013 12020-2021 12008-2009 12009-2010 12006-2007 12016-2017 12005-2006 12007-2008 12013-2014
Статистика Пласмани Екипите во оваа позадина се натпреваруваат во Лига Еден 2022–2023
Клуб Вкупно сезони Прва сезона Последна сезона Пласмани по сезони rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 rowspan=2 5 2018-2019 2022-2023 14 17 11 12 - 6 2016-2017 2021-2022 15 18 20 20 19 23 6 2004-2005 2022-2023 13 5 11 6 2 - 1 2017-2018 2017-2018 2 8 2004-2005 2020-2021 16 19 3 22 12 10 13 3 4 2016-2017 2022-2023 2 23 9 - 7 2006-2007 2014-2015 8 17 19 21 6 11 2 9 2006-2007 2020-2021 11 11 22 11 7 5 5 11 24 8 2004-2005 2013-2014 4 3 24 9 11 9 3 2 5 2006-2007 2010-2011 18 7 16 13 1 5 2004-2005 2014-2015 7 9 2 12 1 10 2007-2008 2022-2023 16 11 11 22 10 13 15 14 24 - 6 2015-2016 2022-2023 2 9 12 16 16 - 6 2011-2012 2019-2020 14 22 16 19 24 24 4 2015-2016 2021-2022 1 1 20 1 6 2009-2010 2022-2023 22 21 17 3 6 - 14 2004-2005 2018-2019 14 24 12 13 10 20 19 9 13 14 3 14 19 22 1 2013-2014 2013-2014 1 1 2010-2011 2010-2011 21 1 2022-2023 2022-2023 - 12 2004-2005 2022-2023 10 8 11 3 1 13 21 15 6 9 14 22 4 2009-2010 2022-2023 18 8 23 - 4 2019-2020 2022-2023 11 9 11 - 8 2006-2007 2013-2014 8 4 20 14 12 8 17 22 2 2021-2022 2022-2023 14 - 7 2012-2013 2019-2020 15 18 17 8 23 8 1 10 2004-2005 2015-2016 15 2 12 8 10 10 20 16 19 23 3 2012-2013 2014-2015 10 14 22 9 2006-2007 2021-2022 13 20 22 13 19 20 24 12 24 9 2006-2007 2014-2015 20 14 14 17 7 20 7 3 23 1 2008-2009 2008-2009 1 3 2007-2008 2009-2010 5 4 2 4 2019-2020 2022-2023 16 5 17 - 3 2004-2005 2018-2019 1 24 1 6 2006-2007 2016-2017 10 17 5 3 4 6 15 2004-2005 2022-2023 20 22 3 12 5 5 8 10 2 12 23 19 13 3 - 2 2021-2022 2022-2023 19 - 6 2006-2007 2020-2021 14 9 21 16 22 22 1 2009-2010 2009-2010 1 3 2005-2006 2007-2008 7 4 2 5 2010-2011 2014-2015 19 7 12 20 21 1 2004-2005 2004-2005 22
Учества Во досегашните 19 одиграни сезони на првенството, учествувале 75 клубови. Клубовите (24) кои учествуваат во актуелната сезона Лига Еден 2022-2023 се означени со болд.
Учества на клубовите во Лига Еден во број на сезони:
15: 14: 13: , 12: , 11: , 10: , , 9: , , , , , , , , , 8: , 7: , , , , , , 6: , , , , , , , , 5: , , , , , , , 4: , , , , , 3: , , , , , , , , 2: , , , 1: , , , , , , , ,
Најдобри стрелци по сезони СезонаНајдобар стрелецКлубГолови2004–2005 Стјуарт Елиот 27 Дин Виндас 2005–2006 Фреди Иствуд 23 Били Шарп 2006–2007 Били Шарп 302007–2008 Џејсон Скотланд 242008–2009 Сајмон Кокс 29 Рики Ламберт 2009–2010 Рики Ламберт 302010–2011 Крег Макаил-Смит 272011–2012 Џордан Роудс 362012–2013 Пади Мејден 242013–2014 Сам Болдок 242014–2015 Џо Гарнер 262015–2016 Вил Григ252016–2017 Били Шарп302017–2018 Џек Мериот272018–2019 Џејмс Колинс252019–2020 Ајван Тони242020–2021 Џонсон Кларк-Харис312021–2022 Вил Кин26 Во 35 натпревари. Сезоната била скратена поради коронавирус
Наводи
Надворешни врски Официјална страна Локации на клубовите од Лига Еден England League One – Predictions, Tips, Statistics
Лига Еден