Ват Арун Ратчаварарам Рачаварамахавихан () или Ват Арун (, („Храмот на зората“) ― будистички храм (ват/уат) во областа Бангкок Јај во Бангкок, Тајланд, на западниот брег Тонбури на реката Чао Праја. Храмот го добил своето име од хиндускиот богот Аруна, често персонифициран како зрачењето на изгрејсонцето. Ват Арун е меѓу најпознатите знаменитости на Тајланд. Првата светлина од утринските часови се одбива од површината на храмот со бисерен ефект.Liedtke 2011, p. 57 Иако храмот постои од XVII век, неговиот карактеристичен пранг (кула) бил изграден во почетокот на деветнаесеттиот век за време на владеењето на Рама II и Рама III. лево|мини|240x240пкс|Скулптурите на двата митски џиновски демони, Тоцакан и Сахасадеча, кои ја чуваат источната порта на главната капела на Ват Арун. Будистички храм постоел на местото Ват Арун уште од времето на Кралството Ајутаја. Тогаш бил познат како Ват Макок, по селото Банг Макок во кое бил изграден (Макок е тајландско име за растението Spondias pinnata). Според историчарот, и принц Дамронг Раџанубаб, храмот бил прикажан на француските карти за време на владеењето на Нарај (1656–88). Храмот бил преименуван во Ват Чаенг од Таксин (1767–82) кога го основал својот нов главен град Тонбури во близина на храмот, по падот на Ајутаја. Се верува дека Таксин ветил дека ќе го обнови храмот откако ќе го помине во зори. Храмот ја зачувал сликата на Смарагден Буда пред да биде пренесена во Ват Пра Каев на источниот брег на реката во 1784 година.Spooner 2011, p. 100 Храмот се наоѓал на теренот на кралската палата за време на владеењето на Таксин, пред неговиот наследник Рама I (1782–1809) да ја премести палатата на другата страна на реката.Liedtke 2011, p. 57 Храмот бил напуштен до владеењето на Рама II (1809–24), кој го обновил храмот и почнал да планира да ја подигне главната пагода на 70м. Работата на пагодата започнала за време на владеењето на Рама III(1824–51). Главниот пранг бил завршен во 1851 година, по девет години континуирана изградба.
Храмот претрпел големи реставрации за време на владеењето на Чулалонгкорн (Рама V, 1868–1910) и во 1980 година, пред прославата на двестегодишнината од основањето на Бангкок. Најобемните возобновувачки работи на прангот биле преземани од 2013 до 2017 година, при што биле заменети значителен број на скршени плочки и бел употребен варов малтер за доработување на многу од површините (заменувајќи го цементот, користен при претходните обновувања). Како што работата се приближувала до својот крај во 2017 година, фотографиите од резултатите предизвикале одредени критики за новиот изглед на храмот, кој изгледал многу бел во споредба со неговата претходна состојба. Одделот за ликовни уметности го бранел делото, наведувајќи дека тоа било внимателно направено за да го одрази првобитниот изглед на храмот.
Архитектура мини|Поглед на главниот пранг, по возобновувањето во 2017 година Главната одлика на Ват Арун е неговиот средишен пранг, кој е обложен со шарен порцелан.Emmons 2008, p. 17 Ова се толкува како пагода слична на ступа обложена со обоени глинени садови.Norwich 2001, p. 266 Висината е одредена од различни извори помеѓу 66,8 м и 86 м. Аглите се опкружени со четири помали споредни прангови. Пранговите се украсени со школки од Mauritia mauritiana и парчиња порцелан, кои претходно биле користени како баласт од чамците кои доаѓале во Бангкок од Кина.Ridout 2009
Средишниот пранг е обложен со седумстран трозабец, кој многу извори го нарекуваат „Трозабезот на Шива“. Околу основата на пранг се наоѓаат различни фигури на древни кинески војници и животни. Над втората тераса се наоѓаат четири статуи на хинду богот Индра што јава на Ераван.Emmons 2008, pp. 26-27 Во будистичката иконографија, средишниот пранг се смета дека има три симболични нивоа - основата за Трајпум што ги означува сите области на постоењето, средината за Таватимса, рајот Тусита каде што се задоволуваат сите желби и врвот што означува девафум што означува шест небеси во седум области на среќата. На брегот на реката има шест павиљони во кинески стил. Павилјоните се направени од зелен гранит и содржат мостови за слетување. лево|мини| Детал од Пра Пранг, средишнаата кула на Ват Арун („Храмот на зората“) во Бангкок, Тајланд, што ги прикажува античкиот ведски бог Индра и триглавиот Ераван ( Аравата). Веднаш до прангот е Салата за ракополагање со слика на Нирамитр Буда, наводно дизајнирана од Рама II. Предниот влез на Салата за ракополагање има покрив со централен шпиц, украсен со обоена керамика, обложена со обоен порцелан. Внатре има голем олтар со црвен, сив и бел мермерен украс. Има два демони, или фигури на чувари на храмот, напред.Emmons 2008, pp. 26-27 Муралите се создадени за време на владеењето на Рама V.
Космологија Средишниот пранг ја симболизира планината Меру на хиндуската космологија.Emmons 2008, pp. 26-27 Споредните прангови се посветени на богот на ветрот, Пра Пај. Демоните (јакша) на влезот во убосот се од Рамакиен. Белата фигура е наречена Сахаса Деја, а зелената е позната како Тоцакан, демонот Равана од Рамајана.
Пристап До Ват Арун може да се пристапи преку реката Чао Праја, а фериботите патуваат преку реката кон пристаништето Махарај. За странците, храмот наплаќа влезница од 100 бахти (од јануари 2021 година). За време на Катина, кралот патува во Ват Арун во поворка од кралски бродови за да им подари нови облеки на тамошните монасите.
Галерија
Поврзано
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Панорамски поглед на храмот
Категорија:Будистички храмови во Бангкок Категорија:Бангкок Јај Категорија:Згради и градби на Чао Праја Категорија:Регистрирани антички споменици во Бангкок Категорија:Тајландски теравадско будистички храмови и манастири Категорија:Тајланд