Тромостовје (, во постарите извори и Тромостје"Tromostje je dograjeno." 1931. Slovenski narod 64(229) (9 октомври): 2.Mušić, Marjan. 1980. Jože Plečnik. Ljubljana: Partizanska knjiga, p. 212.) ― целина од три мостови преку реката Љубљаница. Го поврзува историскиот средновековен дел на Љубљана од едната страна и современиот дел на Љубљана, главниот град на Словенија, од другата страна.

Дизајн Средишниот мост е делумно изграден од глинички варовник. Другите делови се изградени од бетон. Балустрадите со 642 балустри се од бетон. Платформата е поплочена со гранитни блокови поставени во 2010 година. Претходно бил поплочен со асфалт.

Историја мини| Латинскиот натпис на возводната страна на средишниот мост: „До надвојводата Франц Карл. 1842 година. (Од) Градот." На оваа местоположба се споменува дрвен мост од 1280 година. Најпрво бил викан Стар мост (словенечки: ) а подоцна и Долен мост (), за разлика од Горниот мост кој во истиот век бил изграден на местото на денешниот Чевларски мост. Именуван е и Болничарски мост () по блиската згрижувалница, која била основана во почетокот на 14 век. Повторно е изграден во 1657 година по пожар.

Во 1842 година, Долниот мост бил заменет со нов мост дизајниран од Џовани Пико, италијански архитект од Филах, и именуван како Францов мостот () во чест на надвојводата Франц Карл. Станал познат и како Францискански мост (). Овој мост, отворен на 25 септември 1842 година, имал два лака и метална ограда. Основните работи на мостот се сочувани до денес, за што сведочи и испишаната посвета на надвојводата над неговиот средиштен столб, на латински „ “, што значи „До надвојводата Франц Карл во 1842 година од Градот“

Со цел да се спречи камениот лачен мост од 1842 година да биде тесно грло, архитектот Јоже Плечник во 1929 година го проектирал продолжението на мостот со два пешачки моста под благ агол на секоја страна од него. Во соработка со неговиот ученик Цирил Тавчар, кој ги нацртал плановите, тој го објавил предлогот истата година во списанието „Ljubljanski zvon“ (во преводЉубљанско ѕвоно). Изградбата започнала во 1931 година и продолжила до пролетта 1932 година. Мостот бил пуштен за сообраќај во април 1932 година.

Мостот бил обновен во 1992 година. Од 2007 година, сите три мостови се дел од љубљанската пешачка зона.

Прикази

Макета на мостот е прикажана во Мини-Европа во Брисел. На 23 јануари 2012 година, прославувајќи ја 140-годишнината од раѓањето на Јоже Плечник, сликата на Тромостовје била претставена како службеното приспособено лого на Google (Doodle) за во Словенија.

Поврзано Други мостови дизајнирани од Јоже Плечник:

Касапски мост Чевларски мост Петелски мост Љубљанички брански мост Трновски мост

Наводи

Надворешни врски

44 меѓународни патници го споделуваат своето искуство од Тромостовје на VirtualTurist.com Интерактивен панорамски виртуелен поглед на Тромостовје покрај Burger.si Видео на YouTube со Тромостовје од туристичкиот водич InYourPocket

Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Новоуметнички мостови Категорија:Новоуметничка архитектура во Љубљана Категорија:Пешачки мостови во Словенија Категорија:Лачни мостови во Словенија Категорија:Центар (четврт во Љубљана) Категорија:Мостови на Љубљаница Категорија:Згради на Јоже Плечник Категорија:Мостови завршени во 1932 година Категорија:Мостови во Љубљана