мини|Куќата на Френк В. Томас во 2011 година. мини|Куќата на Френк В. Томас во 2011 година. мини|Куќата на Френк В. Томас во 2011 година. лево|мини|200x200пкс| Нацртот за главниот кат. лево|мини|200x200пкс| Нацртот за спалната соба. Куќа на Френк В. Томас ― историска куќа сместена на Авенија „Форест“ 210 во предградието Оук Парк во Чикаго, Илиноис, Соединетите Држави. Зградата била дизајнирана од архитектот Френк Лојд Рајт во 1901 година и била планирана во Прериската архитектонска школа. Според сопствената дефиниција на Рајт, ова била првата од прериските куќи - собите се издигнати, а нема подрум. Куќата, исто така, вклучува многу од одликите што станале поврзани со стилот, како што се низок покрив со широки настрешници, прозори, вградени полици и кабинети, украсени прозорци со оловно стакло и централни огништа/камини. Tallmadge & Watson, стопанско друштво од Чикаго, кое станало дел од Прериската школа за архитектура, додало надградба на задниот дел од куќата во 1923 година.

На 14 септември 1972 година, Куќата на Френк Томас била додадена во Националниот регистар на историски места во Соединетите Држави.

Дополнителна литература

Хајнц, Томас А. The Vision of Frank Lloyd Wright, S. Webb & Sons., Енглеси, Обединето Кралство: 2002 година, стр. 81 – 85, . Сторер, Вилијам Алин. he Frank Lloyd Wright Companion. University Of Chicago Press, 2006 година, (S.067).

Наводи

Категорија:Градби на Френк Лојд Рајт Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Оук Парк (Илиноис) Категорија:Куќи на Националниот регистар на историски места во Кук (област во Илиноис) Категорија:Куќи завршени во 1901 година