мини|246x246пкс| Хоратоа, кроуски воин со перјаница, насликана биволска наметка и влакна кои допираат до земјата. Насликана од Џорџ Кетлин, Форт Јунион, 1832 година. Бизонска наметка, или биволска наметка, ― наметка од одерена кожа од бизон, со оставена влакна. Тие биле користени како ќебиња, седла или како трговски предмети од домородните Американци кои ги населувале огромните пасишта на Внатрешните Рамници. Некои биле насликани со пиктографи или зимски броења што прикажуваат важни настани како што се епидемии, глад и битки.
Од 1840-тите до 1870-тите, големата побарувачка за бизонски наметки во трговските центри во Монтреал, Њујорк, Сент Пол и Сент Луис била главен фактор што доведе до скоро истребување на видот. Облеките биле користени како ќебиња и облоги во кочии и санки и биле направени во бизонски палта.
Само кожите земени во зима помеѓу ноември и март, кога крзната се пораснати, биле погодни за бизонска облека. Летните кожи биле користени за правење покривки за типии и мокасини и имале мала вредност за трговците.
Галерија
Поврзано
Метиски лов на бизони Рамничарско кожосликарство Корјаци
Надворешни врски
Лакотски зимски броења Насликана бизонска наметка Украсени наметки Бизонска наметка, 1850-1875 година
Наводи
Категорија:Бизони Категорија:Првонациска култура Категорија:Домородноамериканска облека Категорија:Домородни народи во Големите Рамници Категорија:Кожи