Ѓобекли Тепе () — археолошко наоѓалиште што потекнува од докерамискиот неолит А, а веројатно дури и од времето на епипалеолитот, кој се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Шанлаурфа и на 2,5 километри од селото Оренџик. Возвишението е во суштина тел, висок 15 м, околу 300 м во пречник, кој се наоѓа на приближно 760 м надморска височина. Тоа е најдревното мегалитско археолошко наоѓалиште во светот.Sandra Scham, The World's First Temple , Nov./Dec. 2008, Vol. 61 Iss. 6, с. 23 Неговата старост е најмалку 12.000 години. Датирана е во IX илјадалетие п.н.е. Објектот има кружен облик (концентрични кругови, чиј број достигнува 20) со релјефи од стели во облик на Т што претставуваат различни животни. Комплексот бил покриен со ситен грагор и други фрагменти во VIII илјадалетие п.н.е. Археолошките наоди од Ѓобекли Тепе и Невала Чори ги револуционизираат поимите за раниот неолит во Блискиот Исток.
Ѓобекли Тепе им е познат на археолозите уште од раните 1960-ти, но никој не го погодил неговото вистинско значење. Местото под ридот требало да биде византиски гробишта. Дури откако еден местен овчар ископал една од колоните во 1994 година и открил релјеф на чудно животно, започнале ископувањата организирани од Германскиот археолошки институт во соработка со музејот Шанлаурфа. Веднаш по првите ископувања станало јасно дека станува збор за објект што датира од камено време. Само 5 % од целиот комплекс е ископан. Во 2018 година, Ѓобекли Тепе бил вклучен во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО. Неговиот истражувач, германскиот археолог Клаус Шмит, претполага дека Ѓобекли Тепе е древна култна градба. Неговата изградба започнала уште во мезолитот, а неговата употреба продолжила најмалку неколку илјадалетија. По крајот на VIII илјадалетие п.н.е. објектот бил закопан и напуштен.
Поврзано Бонџуклу Тарла Ѓурџутепе Список на најголеми монолити Праисториска религија
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Ѓобекли Тепе: Резиме на минатите и неодамнешните резултати - Ли Клер, Предавање на Ориенталниот институт, 9 март 2020 Истражете го Ѓобекли Тепе во збирката на УНЕСКО на Google Arts and Culture Ѓобекли Тепе, Список на светско на наследство на УНЕСКО Tepe Telegrams, блог на истражувачкиот проект „Ѓобекли Тепе“ на ГАИ
Ѓобекли Тепе, Платформа за неолитски радиојаглеродни датумирања Тридимензионален модел на наоѓалиштето