Владовска тврдина или Филокастро () — тврдина над селото Владово, Воденско, Егејска Македонија.

Остатоците од твдината се наоѓаат на стратешко место на висок рид од левата страна на главниот пат Воден – Владово (ЕО2). Тврдината датира од османлиско време, но веројатно со постари фази. Природната карпа е вештачки издлабена и зачуван е низок ѕид од полуобработени камења прицврстени со малтер. На врвот на ридот има три рова покриени со камења.

Во 1995 г. тврдината е прогласена за споменик на културата.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Воден (општина)