Никола Јуруков ( во , Костурско — во ) — македонски револуционер на ВМРО, раководител на македонските федералисти и редактор на весникот Автономна Македонија (1920-1922).

Животопис лево|мини|248x248пкс|Корицата на Уставот на МФРО. Никола по професија бил архитект. Во национално ослободителната борба на македонскиот народ се вклучил во 1913 година. Бил претседател на Костурското братство во Софија. Со свои лични средства ја финансирал Македонската Федеративна Организација во која бил раководен деец. Бил нејзин заграничен претставник во Женева, каде што ја претставувал организацијата пред Друштвото на народите.

Бил убиен во некоја кафана во Софија, по наредба на Тодор Александров, а за физички извршител на неговото убиство, е сметано дека бил четникот Стефан Каркалашов од Богданци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонска федеративна револуционерна организација Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици