Цеко Торбов (, - , — бугарски правник, филозоф и универзитетски професор. Познат е по неговите преводи на Имануел Кант, направени со неговата сопруга Валентина Топузова. Се смета за најзначајниот следбеник на Имануел Кант во Бугарија во областа на филозофијата на правото.Росен Ташев, Кантианското направление в българската правна философия, Legaltheory.org.
Животопис Роден е во 1899 година во Орјахово во семејство по потекло од влашкото село Гопеш, Битолско. Неговиот татко му бил прв братучед на архитектот Наум Торбов. Во 1923 година го одбранил својот докторат по право во Гетинген. Потоа предавал меѓународно право, филозофија на правото и германски јазик во Бугарија. Помеѓу 1956 и 1980 година ги превел главните дела на Кант. За нив ја добил Хердеровата награда од Виенскиот универзитет во 1970 година. Предавал на Универзитетот во Софија, како и на Вишата школа за финансиски и административни науки (сега УНСС)История и Теория на правото. Видни Юристи. БАН, София, 1992, стр. 8..
Цеко Торбов има придонес за подобрување на италијанскиот превод на „Критичари на чистиот разум“.
Почести Аудиториумот во Новиот бугарски универзитет бил именуван по Цеко Торбов.Аудитории на НБУ, сайт на НБУ.
На 15 мај 2019 година била организирана национална научна конференција по повод 120-годишнината од неговото раѓање.Национална научна конференция по повод 120 години от рождението на проф. Цеко Торбов, сайт на НБУ.
Библиографија Димитър Цацов. Критическата школа Фриз-Нелсон-Торбов. С., 1999, ISBN 954-676-046-3 Весела Ляхова. Живот мисия. Книга за проф. д-р Цеко Торбов. С., Графика 19, 2001 Димитър Цацов. Българо-германски философски отношения. Леонард Нелсон-Цеко Торбов. ВТ, Фабер, 2016, ISBN 978-619-00-0501-8 Димитър Цацов. Въведение в българското нелсонианство. С., Авангард Прима, 2020, ISBN 978-619-239-334-2
Наводи
Надворешни врски Уебсайт на семејство Торбови Личен фонд „Проф. Цеко Торбов и Валентина Топузова-Торбова“ во Архиви на Нов бугарски универзитет, сайт на НБУ
Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски Власи Категорија:Бугарски правници од Македонија Категорија:Македонски научници во Бугарија Категорија:Филозофи од 20 век Категорија:Бугарски филозофи