Рангел () — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на Теово по патот за Кронцелево.
Историја Рангел било македонско село распаднато на крајот од XVIII век, поради зулумите на разбојничките банди. Неговите жители се преселиле во Теово.
Според истражувањата на Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), на почетокот на XIX век еден сој со 11 куќи од Рангел се преселил во блиското Теово, бегајќи од зулумите на Гегите. Тие биле: Фудуловци (2 куќи), Кара Јанковци (2 куќи), Цветковци (2 куќи) Аповци (1 куќа), Топал (1 куќа), Шиндивци (2 куќи) и Дајко (1 куќа). Овие семејства се женеле меѓусебно. Во времето на неговата посета (за време на Првата светска војна), на местото на некогашниот Рангел сè уште биле видливи „грамади“ (темели од куќи).
Наводи
Категорија:Историски села во Воден