Бушкани — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало кај источниот брег на Малото Преспанско Езеро, на надморска висина од околу 853 м. Лежело на 2 км југозпадно од П’пли и 1 км северозападно од Оровник. Во неговиот поранешен атар има месност која продолжува да го носи тоа име.
Историја Селото се состоело од десетина куќи. напуштено е поради покачување на езерската вода и негово поплавување, при што жителите се преселиле во околните села.. Според Владо Јовановски, ова се случило во периодот пред Балаканските војни
Наводи
Категорија:Историски села во Преспа (општина)