Награда Антоанета Пери за извонредност во Бродвејскиот театар, позната како Тони награда ― награди кои ги доделува Американското театарско крило и Бродвејската лига на годишна церемонија во Мидтаун Менхетен за исклучителна глума во живо во Бродвејскиот театар.

Наградите се доделуваат за Бродвејски продукции и претстави. Една награда се доделува и за регионалниот театар во САД. Се доделуваат и неколку награди вон официјална конкуренција, како Специјална награда Тони, Тони почести за извонредност во театарот и Наградата Изабел Стивенсон.Staff (undated). "Who's Who" . tonyawards.com. Retrieved September 13, 2013.

Наградите ги основал театарскиот продуцент и режисер Брок Пембертон, а именувани се по Антоанета „Тони“ Пери, глумица, продуцент и театарски режисер која била ко-основач и секретар на Американското театарско крило. Трофејот е медалјон кој може да се врти на кој се прикажани маските на комедијата и трагедијата, поставен на црна основа.

Правилата за наградите Тони се наведени во официјалниот документ „Правила и регулативи за Тони наградите од Американското театарско крило“, кој важи само за таа сезона."Tony Awards Rules and Regulations for 2013–14 season" tonyawards.com, accessed June 12, 2014 Наградите Тони во њујоршката театарска индустрија се на исто рамниште на Еми наградите за телевизија, Греми наградите за музика и наградите Оскар за филм. Личноста која ги освоила сите четири награди се вели дека ја добила наградата EGOT. Наградите Тони се американски еквивалент на наградите Лоренс Оливие од Обединетото Кралство и наградите Молиер во Франција.

Историја Првата церемонија на Тони наградите се одржала на 6 април 1947 година, една година по смртта на американската глумица Антоанета Пери , по која и била наречена наградата. Во првите години од доделувањето се нарекувале „Пери награди“.

Од 1967 година, церемонијата на доделување на наградите се емитува на американската национална телевизија.

Рекорди

Претстави

Номинации: Најмногу номинации за Тони добил мјузиклот Хамилтон (2016) со 16 номинации во 13 категории Добитник: Најмногу Тони награди добил мјузиклот Продуценти (2001) - 12 награди. Четири мјузикли ги освоиле сите „шест највисоко рангирани“ награди за оригинален мјузикл: Јужен Тихи Океан (1950), Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит (1979), Спреј за коса (2003) Jones, Kenneth (June 9, 2003), " 'Take Me Out', 'Hairspray' Are Top Winners in 2003 Tony Awards; 'Long Day's Journey', 'Nine' Also Hot" Playbill (playbill.com) Retrieved August 26, 2017. и Посетата на бендот (2018 година); сите тие ја освоиле наградата за најдобар мјузикл, најдобра музика, најдобра книга, најдобра главна машка улога, најдобра главна женска улога и најдобра режија. Две драмски претстави ги освоиле сите „четири највисоко рангирани“ за оригинална драма: Кој се плаши од Вирџинија Вулф? (1963) и Вистинското нешто (1984); ги добиле наградите за најдобра претстава, најдобра главна машка улога, најдобра главна женска улога и најдобра режија. Актерски награди: Само една претстава, Јужен Тихи Океан (1950), ги освоила сите четири актерски награди во една година. Смртта на трговскиот патник од Артур Милер во 2012 година станала прва претстава (драма или мјузикл) која победила како најдобра продукција во четири различни години

Наводи

Надворешни врски

Tony Award ® Productions

Tony Awards on Instagram The Tony Awards's channel on YouTube Tony Awards (CBS official broadcast website) American Theatre Wing (official website) The Broadway League (official website)

Категорија:Тони (награда) Категорија:Награди:Театар Категорија:Појавено во 1947 година Категорија:Бродвејски театар