Јосип Јурановиќ (роден на 16 август 1995 г.) — хрватски професионален фудбалер кој игра како десен бек за германскиот бундеслигаш Унион Берлин и за репрезентацијата на Хрватска.
Клупска кариера Роден во Загреб, Јурановиќ поминал низ редовите на третолигашот Дубрава, со двомесечен престој во блиската академија на Кроација Сесвете. Дебитирајќи за Дубрава во третата хрватска лига во сезоната 2012–13, тој за прв пат го привлекол вниманието кон себе со победата во хрватското издание на натпреварувањето „Nike Chance“ за аматерски играчи во 2014 година, добивајќи право да се натпреварува за место во академијата „Nike Academy“.2014.03.05. - Josip Juranović Jopa - pobjednik projekta Nike Chance 2014. at Dubrava official site Неговите клупски настапи биле и понатаму забележителни, а од дел од медиумите бил прогласен за најдобар играч во есенскиот дел на третата хрватска лига - запад во сезоната 2014–15,POJAČANJE IZ TREĆE LIGE Josip Juranović iz Dubrave potpisuje za Hajduk: 'To je prilika života' Jutarnji ListJ. Juranović najbolji zagrebački amater: Još malo u Dubravi pa gore at Sportnews.hr што го привлекло вниманието на Хајдук Сплит.
Откако потпишал трииполгодишен договор со Хајдук Сплит во почетокот на 2015 година, тој првично се приклучил на нивниот Б тим кој се натпреварувал во третата хрватска лига, но набрзо бил префрлен во првиот тим, во април 2015 година од страна на новиот тренер Горан Вучевиќ, и својот прв настап во првата хрватска лига го имал во поразот од 2–1 од Ријека.Poljud: Hajduk-Rijeka 1:2 Hajduk Split official site
Во јуни 2018 година Јурановиќ бил избран во тимот на сезоната во хрватската прва лига за неговите настапи во сезоната 2017–18.
Легија Варшава На 31 јули 2020 година, Јурановиќ потпишал тригодишен договор со полскиот клуб Легија Варшава. Тој го постигнал својот прв гол за Легија во победата од 2–1 над Шлонск Вроцлав. Со клубот тој ја освоил титулата во полската Екстракласа на крајот од сезоната.
Селтик Јурановиќ потпишал петгодишен договор со шкотскиот премиерлигаш Селтик вреден 2.5 милиони фунти во август 2021 година. И покрај тоа што најголем дел од својата професионална кариера го одиграл како десен бек, Јурановиќ заиграл како лев бек во почетоците во Селтик, вклучително во деби натпреварот против ривалите Ренџерс на Ајброкс. Тој ја преземал улогата на изведувач на пенали за Селтик во својата прва сезона, забележително постигнувајќи голови против Реал Бетис, Бајер Леверкузен и уште во три наврати во шкотската премиер лига. Во декември, тој бил дел од составот на Селтик кој ја освоил титулата во лига купот на Шкотска во победата над Хибернијан. Неговиот придонес во одбраната на Селтик му донело место во најдобриот тим на сезоната 2021–22 во шкотската премиер лига.
На 6 септември 2022 година, Јурановиќ го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите, против Реал Мадрид на Селтик Парк.
За време на Светското првенство 2022, Јурановиќ бил поврзуван со трансфер во редовите на Барселона, Атлетико Мадрид и Челси. Шпекулациите се засилиле откако Селтик го ангажирал канадскиот интернационалец Алистер Џонстон од Монтреал, кој се сметал за потенцијална замена на Јурановиќ на позицијата десен бек.
Унион Берлин На 22 јануари 2023 година, Јурановиќ потпишал за германскиот бундеслигаш Унион Берлин за 7,5 милиони фунти, плус 2,5 милиони дополнителни бонуси. Со овој трансфер Унион Берлин го срушил својот клупски рекорд за најскап трансфер, со што Јурановиќ станал најскапиот играч во историјата на германскиот клуб.Унион Берлин сруши клупски рекорд и го доведе хрватскиот бек gol.mk; 22 јануари 2023
Меѓународна кариера На 14 јануари 2017 година, Јурановиќ го одиграл својот прв натпревар за хрватската репрезентација на пријателскиот турнир Кина куп 2017 против Кина.
На 17 мај 2021 година, тој бил именуван во хрватскиот состав од 26 играчи за Европското првенство 2020. Тој одиграл два натпревари за својата репрезентација, и тоа во победата од 3–1 против Шкотска во групната фаза и против Шпанија во осминафиналето каде што Хрватска загубила со 5–3 и била елиминирана од турнирот.
На 9 ноември 2022 година, Јурановиќ бил именуван во хрватскиот состав од 26 играчи за Светското првенство 2022. Тој бил во почетниот состав на хрватската репрезентацијата во шест од седумте натпревари на првенството и со својата репрезентација го освоил бронзениот медал, откако Хрватска забележал победа од 2–1 против Мароко во натпреварот за третото место.
Успеси Легија Варшава Екстракласа: 2020–21
Селтик Премиер лига на Шкотска: 2021–22 Лига куп на Шкотска: 2021–22
Хрватска ФИФА Светско првенство трето место: 2022
Поединечни Тим на годината во Првата хрватска лига: 2015,: 2017–18 Тим на годината во Шкотскиот премиершип: 2021–22
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Луѓе од Загреб Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Живи луѓе