Наталија Михајловна Водјанова (; роденa на 28 февруари 1982), со прекар Супернова, е руска манекенка, глумица и амбасадор на добра волја на Обединетите нации.
Во 2012 година, таа се најде на третото место на листата на манекенки со најголема заработка и Форбс проценил дека заработила 8,6 милиони долари за една година. Водјанова била спомената во 2015 година од страна на models.com како една од Новите Супери во модната индустрија.
Во 2010 година, Водјанова ја добила наградата Инспирација на годината од Harper's Bazaar. Во 2014 година, Гламур ја призна за жена на годината и ѝ ја додели наградата „Глас за деца“.
Водјанова е мајка на 5 деца. Таа е и член на Меѓународниот одбор на директори на Специјалната Олимпијада. Во 2021 година, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) ја назначил за амбасадор на добра волја на агенцијата за полово и репродуктивно здравје.
Ран живот Водјанова била родена во Горки, Руска СФСР, Советски Сојуз (денешен Нижни Новгород, Русија). Таа пораснала воАвтозаводскиот реон со нејзината мајка Лариса и две помлади полусестри, Оксана и Кристина Кусакина. Оксана живее со тежок облик на аутизам. Водјанова има уште една помлада полусестра, Џенифер „Џена“ Барнс (родена Марија Машинка во 1999 година), која била дадена на посвојување како бебе и израснала во Северна Каролина, САД. Една од бабите на Водјанова е Мордовијанка.
Кариера
Манекенство Водјанова на 15 години се запишала во агенција за моделирање. На 17-годишна возраст, таа се преселила во Париз и потпишала договор со Viva Models. Водјанова постигнала успех како модел на писта, на едиторијали и рекламни кампањи. Таа учествувала на повеќе од 200 ревии на модни писти за колекции на готови облеки и висока мода на дизајнери од Америка и Европа, и има учествувано во рекламни кампањи на разни модни куќи.
Работела со познати модни фотографи како Марио Тестино и Ени Либовиц.
Водјанова, исто така, се појавила на насловните страници на повеќе големи меѓународни списанија вклучувајќи Vanity Fair; Vogue и Interview.
Водјанова првпат се појавила на насловната страница на американскиот Vogue во септемвриското издание од 2004 година заедно со Жизел Бундхен и Дарија Вербови како еден од „Моделите на моментот“, фотографирана од Стивен Мајзел. Таа потоа се појавила соло на насловна тема на изданието на списанието од јули 2007 година. Во овој временски период, на другите насловни страници на американскиот Vogue имало само познати личности кои не биле модели, со само три други исклучоци - Линда Евангелиста, Лија Кебеде и Бундхен.September 2004 American Vogue Во мај 2009 година, Водјанова повторно била на насловната страница на американскиот Vogue како една од „моделите на моментот“. Од 2014 година, Водјанова се има појавено десет пати на насловната страница на британскиот Vogue; прво било изданието од септември 2003 година. лево|мини|260x260пкс| Водјанова во промоцијата на нејзината колекција Етам во 2009 година Во пролетта 2009 година, Водјанова склучила тригодишен договор да биде бренд амбасадор на француската компанија за долна облека Etam и дизајнирала колекција долна облека секоја сезона за време на периодот на договорот. Колекциите биле продавани под брендот Natalia pour Etam. Водјанова има договор со Guerlain, француска куќа за парфеми и козметика, која била купена во 1994 година од групацијата LVMH, мултинационална инвестициска корпорација специјализирана за луксузни брендови. Таа е и редовен модел во кампањите и постерите за Стела Макартни. Таа, исто така, се појавила како „Лице на моментот“ во американскиот Vogue во мај 2009 година. десно|мини|331x331пкс| Премиерната колекција на Водјанова во 2009 година Во 2014 година, Водјанова се појавила на насловната страница на септемвриското издание на Vanity Fair фотографирана од фотографот Марио Тестино. Таа била една од педесетте модели на насловната страница на италијанскиот Vogue во септември 2014 година, изданието за педесетгодишнината на списанието. Таа, исто така, се појавила на соло насловна страница за францускиот Vogue во септемвриското издание, нејзина шеста насловна страница за списанието. Во ноемвриското издание, Водjанова била на насловната страница на американскиот Vogue фотографирана од Ени Лебовиц; ова беше нејзина четврта насловна страна на американскиот Vogue и втора соло насловна на американскиот Vogue од нејзиното прво појавување во јули 2007 година.
Во 2015 година, Водјанова била фотографирана од Стивен Мајзел за Пирелскиот календар за 2015 година; ова беше нејзино четврто појавување во Пирели од 2003 година. Таа се вратила како претставник на мирисот Euphoria на Келвин Клајн, фотографирана од Инез и Винод, десет години по нејзиниот прв ексклузивен договор со Келвин Клајн. Потпретседателот на Calvin Klein Fragrances, Coty Inc, Фридеман Шмид, коментирајќи за нејзиното враќање кон брендот, рекол дека „Наталија Водјанова навистина го отелотворува сензуалниот гламур и софистицираноста на жената Еуфорија“. Водјанова се вратила за кампањата на Стела Макартни за колекциите пролет/лето 2015 и есен/зима 2015 година. Таа се нашла на петтото место на листата на Форбс за модели со најголема заработка во 2015 година, заработувајќи околу 7 милиони долари.
Во 2016 година, Водјанова била избрана и фотографирана од Ени Лебовиц како дел од 43-тиот календар на Пирели, кој ги славил некои од најинспиративните жени во светот, како Тави Гевинсон, Серена Вилијамс, Ејми Шумер, Јоко Оно, Фран Лебовиц, Пети Смит, Кетлин Кенеди, Јао Чен, Мелоди Хобсон, Ава ДуВернеј, Агнес Гунд и Ширин Нешат. Ова претставувало нејзина петта појава во Пирели. Таа, исто така, била предводник на кампањата на Рикардо Тиши за Givenchy за пролет/лето 2016 година, заедно со долгогодишната муза на Тиши, Маријакарла Босконо. Други ветерани модели во кампањата биле Лара Стоун, Џоан Смолс, Миранда Кер, Џема Вард, Иселин Стејро, Кендис Свонепул. Ова било четврто појавување на Водјанова во кампањите на Тиши за Givenchy. Фотографирана од Стивен Мајзел, таа станала модел на кампањата за колекцијата пролет/лето 2016 на Прада заедно со нивната редовна муза Саша Пивоварова и холандската новајлија Јасмин Вајналдум. Водјанова се појавила во нејзината деветта рекламна кампања за Стела Макартни во нивната колекција пролет/лето 2016 заедно со Босконо. Таа, исто така, се вратила како модел на кампањата за италијанскиот бренд за тексасна облека Miss Sixty. Во октомври 2016 година, таа се појавила во нејзината втора реклама за кампањата за Дејвид Јурман, која била снимена од Брус Вебер за кампањата есен/зима 2016 година.
Во 2017 година, Водјанова повторно била во кампањата за Дејвид Јурман заедно со моделот Тејлор Мари Хил за колекцијата пролет/лето. Водјанова била ангажирана и од H&M за нивната колекција Conscious Exclusive, одржлива линија која користи рециклирани и органски материјали. Водјанова се појавлаи во нејзината 5-та насловна страница за магазинот W во нивното издание за јуни/јули 2017 година, кое било посветено на Водијанова, а фотографирано од Стивен Мајзел.
Водјанова била рангирана на 14-тото место во телевизиската програма на британскиот телевизиски канал Five во 2005 година Најголемиот супермодел на светот. Списанието Форбс проценува дека таа заработила 4,5 милиони американски долари помеѓу август 2006 и јули 2007 година, 4,8 милиони американски долари помеѓу мај 2007 и април 2008 година и 5,5 милиони долари помеѓу јуни 2008 и јуни 2009 година, што ја прави седмата манекенка со најголема заработка во светот во текот на сите три временски периоди.
Глума Таа била во улогата на Медуза во филмот „Судир на титаните“ од 2010 година. Покрај ова, таа играла поголеми улоги во филмовите CQ (2001), Пробка (2009) и филмската адаптација на Божествената убавица од 2012 година. Таа исто така била наратор во големото емитување на Лебедово езеро од Маринскиот театар (2013).
Други активности Во мај 2009 година, Водјанова била ководител на полуфиналето на Евровизија во Москва. На 12 декември 2009 година, таа била назначена за амбасадор на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи. Во 2010 година, таа се појавила на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри во 2010 година во Ванкувер.
Филантропија Водјанова е основач на Фондацијата Голо срце, филантропска организација која се стреми да обезбеди безбедна и инспиративна средина во која ќе може да игра секое дете што живее во урбана Русија и да им помогне на семејствата кои одгледуваат деца со попреченост. Сестрата на Наталија, Оксана, живее со аутизам. Водјанова го привлекла вниманието кон проблемот со правата на лицата со посебни потреби во Русија кога нејзината сестра била замолена да го напушти кафулето во Нижни Новгород бидејќи „ги плаши клиентите“.
Таа била инспирирана да ја основа добротворната организација по трагедијата во Беслан. Целта на Водјанова била да го одвлече вниманието на децата кои преживеале од нивната психолошка траума со игра. Организацијата ја отворила својата прва игротека во 2006 година во Нижни Новгород. Оттогаш има изградено многу други, вклучително и еден во Беслан.
Водјанова, исто така, поддржува голем број филантропски цели, како што е кампањата (Bugaboo)RED, иницијатива која се стреми да помогне во елиминирањето на СИДА-та во Африка. Истата година, Водјанова станала амбасадор на Слушни го светот, глобална кампања која се обидува да ја подигне свеста за темата на слухот и губењето на слухот и да промовира добар слух низ целиот свет.
Таа е портпарол на „Tiger Trade Campaign“, сојуз на 38 организации „за враќање на дивите тигри преку запирање на трговијата со делови и производи од тигар“. Во интервју за поддршка на кампањата, Водјанова изјавила: „Горда сум што Русија, мојата земја, е дом на најпрекрасните животни, дивиот сибирски тигар. Денеска зависи од нас да го заштитиме тигарот и неговиот дом, помалку од 350 сибирски тигри останале во дивината и не повеќе од 3.400 тигри преживуваат насекаде во светот. Доколку не дејствуваме сега, ќе видиме истребување на дивиот тигар во текот на нашиот живот.“
Во 2015 година, заедно со Тимон Афински, Водјанова ја основала дигиталната апликација Elbi, која им овозможува на луѓето да донираат пари со „Love Button“, да создаваат содржина, да испраќаат пораки и да гласаат за добротворни цели. Апликацијата била промовирана од Clinton Global Initiative Commitment во 2016 година и поддржана од Џоана Шилдс, ко-основачот на Bebo Мајкл Бирч, основачот на Википедија Џими Велс, коосновачот на Хафингтон пост - Аријана Хафингтон, основачот на Мајнд Кенди - Актон Смит, дизајнерката Дајана фон Фјурстенберг, основачот на Lastminute.com и на Made.com Брент Хоберман, како и основачот и извршен директор на Illumination Entertainment, Крис Меледандри.
Други проекти
Специјална Олимпијада Водјанова е член на меѓународниот одбор на директори за Специјалната Олимпијада и ги поддржала Европските игри во 2014 година и Светските игри во 2015 година.
Амбасадор на добра волја на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) Во февруари 2021 година, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) ја назначил Водијанова за амбасадор на добра волја. Повикувајќи се на нејзината претходна работа со серијата „Ајде да разговараме“ на УНФПА против срамот, исклученоста и дискриминацијата со кои рутински се соочуваат милиони жени и девојки, агенцијата изјавила дека се надева дека нивните партнерства ќе го премостат јазот помеѓу модната и технолошката индустрија. лево|мини|243x243пкс| Водјанова на веб самит во 2015 година
Награди Во ноември 2010 година, Харперс Базар ѝ ја додели на Водјанова наградата „Инспирација на годината“, доделена како признание за нејзините филантропски активности.
Во април 2013 година, таа била почестена со наградата Инспирација на четвртите годишни DVF награди. Наградата им се доделува на жени „кои покажале лидерство, сила и храброст во соочувањето со неволјите и кои го користат своето влијание за да постигнат позитивни промени“. Истата година, таа била и добитничка на наградата Филантроп на годината од Харперс Базар.