Зарухи Елмасјан (12 октомври 1906 - 6 февруари 1990), професионално позната како Зари Елмасјан, а подоцна и како Зарухи Елмасјан Вартјан, била ерменско-американска пејачка, најпозната по нејзината гласовна глума во холивудски мјузикли во 1930-тите, вклучувајќи го и Волшебникот од Оз.
Ран живот Зарухи Елмасјан била родена во Лин, Масачусетс, ќерка на Џон Елмасјан и Сатениг Алуџијан Елмасјан. Нејзините родители биле родени во Ерменија. Семејството се преселило во Фресно, Калифорнија, каде живеело до раѓањето на нејзината помлада сестра Алис.Obituary for Alice (Elmassian) Zakian, The Los Angeles Times (November 18, 2004). via Legacy. Таа студирала на Фресновскиот државен колеџ, на Јужнокалифорнискиот универзитет, на Истманското музичко училиште и на Конзерваториумот за музика во Нова Англија.
Кариера Елмасјан пеела на радио програма во 1929 година, и во рамки наОперата на Сан Франциско од 1930 до 1932 година била во продукции на Хансел и Гретел, Манон, Танхојзер и Кармен. Подоцна пеела со Операта на Лос Анџелес и често настапувала како концертен пејач и црковен солист во Калифорнија низ 1930-тите и 1940-тите.
Таа пеела со оперските групи „Youth of America“ во Сан Франциско, Њујорк и Бостон. Меѓу ниејзините улоги во овој период спаѓаат: Норина („Дон Пасквал“ од Гаетано Доницети), Деспина („Така прават сите“ од Моцарт), Неда („Пајаци“ од Руџеро Леонкавало) и други. Настапувала и како пејачка во камерни оркестри во дела на Бетовен, Махлер и Блох. Таа настапувала со Симфонискиот оркестар на Лос Анџелес под водство на познатите диригенти Артур Роџински и Ото Клемперер.
Елмасјан обезбедувала вокални изведби за холивудски мјузикли, обично без кредит, вклучувајќи ги Супер е да си жив (1933), Непослушна Мариета (1935), Орхидеи за тебе (1935), Еве за романсата (1935), Големиот Зајгфилд (1936), Чарли Чан во операта (1936), Мајтајм (1937), Душички (1938), Девојката од златниот запад (1938), Волшебникот од Оз (1939), и Бродвејска серенада (1939). Таа, исто рака, била музички директор во Ерменската апостолска црква Свети Џејмс во Лос Анџелес, како и членка на Доминантниот музички клуб, женски клуб за професионални музичари.
Елмасија во 1930 година станала претседател на Здружението на ерменски уметници кои работиле во Лос Анџелес. Со нејзиниот сопруг таа глумела во музичката мелодрама на ерменски јазик, Ануш (1945), базирана на делото на Ховханес Тумањан и операта Ануш од Армен Дикранијан. Во 1959 година тие го посетиле Ереван и снимале плоча наречена Ерменски песни. Зари Елмасјан учествувала во снимањето на „Орор Назикин“ на Р. Меликјан, како и италијанските песни „Прекрасна како роза", „Врати ми го градот", „Како да заборавам љубов моја“, а може да се слушне и на албумот Oscar Levant Plays Levant & Gershwin.
Во 1933 година, таа се појавила на насловните страници кога била испрашувана за убиството на стоматологот Леон Сивер, кој според некои бил љубител на настапите на Елмасјан во операта на Лос Анџелес. Сивер бил основач и директор на Artists' Endowment, од каде Елмасјан добила стипендија во 1930 година.
Личен живот Елмасјан се омажила за филмскиот монтажер Сетраг Вартјан во 1942 година, во Лас Вегас, Невада. Тој починал во 1986 година, а таа починала во 1990 година во Лос Анџелес, на 83 години. Нивниот заеднички гроб се наоѓа на гробиштата во Инглвуд Парк.
Наводи
Надворешни врски
A 1939 photograph labeled "Radio singer Zaruhi Elmassian" in the University of Washington collections
Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Родени во 1906 година Категорија:Американски оперски пејачи Категорија:Гласовни глумци Категорија:Ерменска дијаспора