Анастасија „Наина“ Јосифовна Елцина (, моминско име Гирина; родена на 14 март 1932) е вдовица на првиот претседател на Русија, Борис Елцин.

Ран живот и образование Наина Елцина била родена во Оренбуршката област во 1932 година. По дипломирањето на градежниот факултет на Уралскиот политехнички институт во Свердловск (денешен Екатеринбург) во 1955 година, таа работела со различни проекти во Свердловскскиот институт.

Личен живот Во 1956 година се омажила за Борис Елцин, кого го запознала на Свердловскиот институт, а од 1985 година живеела во Москва. Тие имаат две ќерки, Елена и Татјана, родени во 1957 и 1960 година, соодветно.

Прва дама Наина Елцина ретко се била во јавноста. Таа го придружувала нејзиниот сопруг на некои од неговите странски посети, вклучувајќи ги посетите во 1997 година на Шведска и ФинскаVisitors to Finland и посетата на Кина во 1999 година.Russian President Leaves Beijing for Home Генерално, Наина Елцина никогаш не се мешала во политичката работа; сепак, во изборната кампања во 1996 година, таа се сретнала со гласачите и давала интервјуа за медиумите.1932 - родилась Наина Иосифовна Ельцина Retrieved 24 April 2007 Таа се појавила во јавноста во април 2007 година на државниот погреб на нејзиниот сопруг во Москва.

Подоцнежен живот Во 2017 година, Наина Елцина ја промовирала својата автобиографија и во Елцинскиот Центар, а потоа и во Москва.Биография Наины Ельциной // РИА НовостиНаина Ельцина читает фрагменты своих мемуаров // Анонс Ельцин-Центра, январь 2017.Наина Ельцина представляет мемуары «Личная жизнь» // Анонс Ельцин-Центра, июль 2017.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Први дами