Свети Јероним и Марија Магдалена ― две скулптури од италијанскиот уметник Џан Лоренцо Бернини. Тие се наоѓаат во Кигиевата капела во Сиенската соборна црква. Статуите биле нарачани како дел од капелата од тогашниот папа Александар VII (Фабјо Киги).Filippo Baldinucci, "Vita del cavaliere Gio: Lorenzo Bernini", 1682 p.39

Работата на скулптурите започнала во 1661 година и тие биле доставени од Рим во Сиена во 1663 година. На Бернини му биле платени 2.128 скуди за својата работа, иако веројатно добил значителна помош при нивното создавање.Rudolf Wittkower, Bernini, the Sculptor of the Roman Baroque, 1997 (4th ed.), p.282

Во капелата има уште две скулптури од уметници од работилницата на Бернини - Света Катерина Сиенска од Ерколе Ферата и Свети Бернард Сиенски од Антонјо Раџи. Капелата како целина е дизајнирана од Бернини.Rudolf Wittkower, Bernini, the Sculptor of the Roman Baroque, 1997 (4th ed.), p.282

Изучувачите го нагласиле мистичното искуство што го доживуваат фигурите. Рудолф Витковер го документирал „интензивирањето на визионерскиот квалитет“ во статуите, и двете фигури не се ангажирани во физичкиот свет околу нив, туку впиени во нивните сопствени духовни простори.Rudolf Wittkower, Bernini, the Sculptor of the Roman Baroque, 1997 (4th ed.), p.57 Хауард Хибард ја продолжува оваа линија на аргументи, демонстрирајќи како фигурите излегуваат од нишите што треба да ги содржат - дополнителен доказ за тоа како Јероним и Марија Магдалена не се ограничени од земниот свет, туку реагираат на нешто повисоко.Howard Hibbard, "Bernini", 1990 (2nd ed.), pps. 191-5

Подготвителен цртеж за Марија Магдалена постои во Лајпцишкиот музејот за ликовни уметности, додека има подготвителна скулптура на главата на Јероним во Фоговиот музејот на уметност на Универзитетот Харвард.

Поврзано

Список на дела од Џан Лоренцо Бернини

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Скулптури од Џан Лоренцо Бернини Категорија:Скулптури во Италија Категорија:Статуи кои ја прикажуваат Марија Магдалена Категорија:Статуи на жени во Италија Категорија:Скулптури на светци Категорија:Скулптури на мажи во Италија Категорија:Мермерни скулптури во Италија Категорија:Културолошки претстави на Свети Јероним