Руждене или Ѓуреџик (, Гранитис; до 1927 г/ Γιουρεντζίκ, Ѓуреѕик) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓа на 12 км јужно од Зрново на планината Боздаг (Фалакро). Сместено е во висока котлина во Ружденската Клисура на реката Калина низ која минува главниот пат од Неврокоп за Драма и Кавала. Од сите страни селото е оградено со високи и стрмни планински сртови — на север Свети Илија, на југ Коријата, на запад Свети Петар, а на исток Бора и Пазлака.

Историја Во Отоманското Царство Првобитната местоположба на селото била на исток од месноста Селиштето, но поради обесшумувањето на јужната падина на сртот Свети Илија и голем дел од Бора, каде се добивало многу дрвен јаглен, жителите се преселиле во осојното подножје на Коријата. Крај селото се наоѓа месноста Костобија со урнатини од стари градби, веројатно од старата римска тврдина која го чувала патот.

Како што покажува името, селото било рударско, особено добивањето на железо. Уште од средниот век тука се добивале фероманган, среброносен галенит и други дури, за што сведочат напуштените галерии наречени „дупки“. Во раноосманлиско време селото било дервенџиско.

Црквата „Св. Архангели“ е од 1873 г.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според Васил К’нчов, на крајот на XIX век Ѓуреџик имал 120 македонски куќи.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28. Според податоците на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Гиреџик (Ѓуреџик) имал 500 жители Македонци христијани.

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Дјуреџик (Duiouredjik) се состоело од 1.360 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско основно училиште со еден учител и 45 ученици.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Гурѓоџик било македонско со 150 куќи.

Во Грција мини|250п|Црквата „Св. Архангели“ За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е запалено од грчката армијаМакедонски мартиролог, съставител Цочо Билярски, Анико, София, 2005, стр.162. и припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1913 г. немало повеќе од 120 куќи.

Според грчка статистика во 1913 г. во Руждене (Γκιουρετζίκ, Ѓуреџик) живеел 481 човек.

Во 1913 и 1918 г. 35 семејства се преселиле во Бугарија. Во 1920 г. населението веќе се смалило на 387 жители. Останатите жители се иселиле во Бугарија во 1925 г. Тие се населиле во Пловдив и околината, Неврокоп и околината и Јамболско. На нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Руждене е попишано како мештанско-дојденско село со вкупно 573 жители, од кои 159 лица (44 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани. Според Симовски дојденците броеле 209 лица.

За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) жителите на Руждене се преместени во внатрешноста на земјата, а по неа само мал број се вратиле.

Населението произведува компир, тутун и други земјоделски производи. Поради големите пасишта во атарот, населението се занимава и со сточарство.

+ Месности во Руждене преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Џавлар Дере Τζαβλὰρ Ντερέ Агриорема ’Αγριόρεμα река ЈИ од Руждене, десна притока на Калина Истимен Исте Ἰστιμὲν Ἰστὲ Фундукиес Φουντουκιές врв (1.283 м) Ј од Руждене Чолачето Τσολάντικο Лохагу Рогако Λοχαγοῦ Ρογκάκο врв (1.330 м) Ј од Руждене Драгов Дол Ντράγαβο Ντόλ Дросерон Δροσερόν дол и ниви СИ од Руждене, лева притока на Калина

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Архангели“ од 1873 г.

Личности Георги Димов Ѓуруџуклијата — ајдутин и револуционер, војвода во Македонскиот комитет и учесник во Мелничкото востание Стефан (Стојмен; 1800 – 1883) — свештеник, преселен во Пештера, каде служел до неговата смрт

Наводи

Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)