Франка Раjмонди (италијански: Franca Raimondi; 8 јули 1932 - 28 август 1988) ― италијанска пејачка.

Животопис Родена во Монополи, покраина Бари, Апулија, Рајмонди студирала оперско пеење и странски јазици. Во 1956 година, Рајмонди била меѓу победниците на натпреварот за нови гласови на RAI и добила шанса да настапи на изданието на Музичкиот фестивал Санремо во 1956 година, кое на крајот го освоила со песната „Aprite le finestre“. Истата година таа ја претставувала Италија на првата Евровизија со истата песна, заедно со Тонина Ториели со „Amami se vuoi“.

Помеѓу 1956 и 1958 година Рајмонди била водечки вокал во оркестарот „Џан Стелари“. Во 1960 година се пријавила да се натпреварува на Фестивалот „Наполи“ со „Canzone all'antica“ („Песна во стар стил“). Во подоцнежните години таа ги забавила своите активности, насочувајќи си ја својата кариера на настапи во живо.

Поврзано

Евровизија 1956 Италија на Евровизија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Починати во 1988 година Категорија:Италијански пејачки од 20 век Категорија:Победници на Музичкиот фестивал „Санремо“ Категорија:Натпреварувачи на Евровизија 1956 Категорија:Натпреварувачи на Евровизија за Италија Категорија:Луѓе од Монополи Категорија:Учесници на Евровизија