„Добар ветар, Сина птицо“ (српскохрватски: Добар ветар, Плава птицо) — југословенско-советски филм за деца од 1967 година, во режија на Михаил Ершов. Сценариото го напишале Станислава Борисављевиќ, Федор Шкубоња и Јуриј Принцев, а по истоимениот роман на Берислав Косиер. Главните улоги ги играат: Борис Амарантов, Деметер Битенц, Радмила Караклајиќ и Витали Доронин. Премиерата на филмот била одржана на 7 декември 1967 година.РТС, Добар ветар, Плава птицо (пристапено на 9.4.2023)РТС, Добар ветар, Плава птицо (пристапено на 9.4.2023)

Синопсис Во филмот се прикажуваат доживувањата на припадниците на различни народи, победници на меѓународниот конкурс по географија, а кои пловат со едреникот „Сина птица“ по Јадранското Море. Меѓу децата се развива пријателство, а како резултат на тоа се и сложните постапки во сите опасни состојби со кои се соочуваат за време на пловидбата.

Наводи

Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Југословенски филмови Категорија:Советски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Далмација Категорија:Филмови на Михаил Ершов