Татјана Бочарова-Коничшева (родена на 22 април 1983 година) е казахстанска спортистка која се натпреварува во скок во далечина и во трискок.

Таа завршила шеста на Светското јуниорско првенство во 2002 година и го освоила бронзениот медал на Азиските игри во 2002 година.Asian Games - GBR Athletics Таа, исто така, се натпреварувала на Светското првенство во 2003 година, Светското првенство во сала во 2004 година и Олимписките игри во 2004 година без да стигне до финалето.

Нејзиниот личен најдобар скок е 14,07 метри, постигнат во јули 2003 година во Алмати. Казахстанскиот рекорд во моментов го држи Јелена Парфенова со 14,23 метри.

Таа е повеќекратен победник на првенството на Република Казахстан, шампион на Азија,бронзен медалист на Азиските игри, сребрен медал на Афро-азиските игри.

Наводи

Надворешни врски https://gorky.kz/en/trainers/tatiana-bocharova/

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Спортисти од Казахстан