АСОБАЛ лига — највисока шпанска професионална ракометна лига во машка конкуренција. Основана во 1958 година под името Дивизија на честа, лигата го добила сегашното име во 1990 година. Лигата се игра под правилата на ЕХФ и моментално се состои од 16 екипи.

Најуспешна екипа е Барселона со освоени триесет тиули.

Историја Лигата е основана под името „Дивизија на честа“ (шп. División de Honor) во 1958 година под раководство на шпанската ракометна федерација. Сојузот на ракометни клубови АСОБАЛ бил основан во 1984 година. Во 1990 година, АСОБАЛ го преземал раководењето со Дивизијата на честа и ја преименувал лигата во АСОБАЛ лига. Од сезоната 2010–11, Барселона е континуиран првак во лигата, делумно поради згаснувањето на претходните врвни клубови Сијудад Реал и Портланд Сан Антонио. Тринаесеткратниот првак Гранољерс последен пат ја освоил титулата во сезоната 1973–74.

Правила на натпреварување Сезоната се состои од 30 натпреварувачки рунди и секоја од екипите игра против секого на домашен и гостински терен.

Вообичаено натпреварувачката сезона започнува во септември и завршува во мај. Како повеќето ракометни лиги во Европа, АСОБАЛ лигата има зимска пауза на полусезоната, откако секоја екипа ќе одигра против секого еднаш. Вториот дел од сезоната се игра по истиот редослед како првиот дел од сезоната.

Секоја победа им носи 2 бода на екипите, додека пак за нерешен резултат двете екипи добиваат по еден бод. На крајот на натпреварувачка сезона, првак е: Екипата која освоила најмногу бодови. Доколку две екипи имаат еднаков број бодови, првак е екипата која има подобар резултат во меѓусебните натпревари Доколку првакот не може да се добие по основ на второто правило, првак е екипата која има подобра гол-разлика.

Екипи Екипи во натпреварувачката сезона 2022–23.

ЕкипаГрадАренаКапацитетБарселона БарселонаБлауграна7,234Бидасоа ИрунИрунСпортски центар Арталеку2,500Логроњо Ла РохаЛогроњоПалата на спортовите на Ла Роха3,809ГранољерсГранољерсПалата на спортовите на Гранољерс6,000Бада УескаУескаОпштинска пaлата на Уеска4,900Инкарлопса КуенкаКуенкаОпштински павилјон Ел Саргал1,800АБАНКА Адемар ЛеонЛеонПалата на спортовите на Леон6,000Анхел Хименес Пуенте ХенилПуенте ХенилОпштински павилјон Алкаде Мигел Салас900Реколетас Атлетико ВаљадолидВаљадолидСпортски центар Хуерта дел Реј3,550Хелветија АнаитасунаПамплонаПавилјон Анаитасуна3,000БенидормБенидормПалата на спортовите на Бенидорм3,000Сијудад де ГвадалахараГвадалахараПовеќенаменска сала на Гвадалахара5,894Балонмано СинфинСантандерПавилјон Ла Алберика2,300Фригорификос Морацо КангасОпштински павилјон О Гатањал2,500ТорелавегаТорелавегаОпштински павилјон Висенте Труеба2,400ЦиснеПонтеведраСпортска сала Хувентуде4,000

Прваци по сезона Примера Дивизион

|valign="top" width=0%| Година Првак 1952 Атлетико Мадрид 1953 Реал Мадрид 1954 Атлетико Мадрид 1955 Сабадељ 1956 Гранољерс 1957 Гранољерс 1958 Гранољерс

Дивизија на честа Година Првак 1959 Гранољерс 1960 Гранољерс 1961 Гранољерс 1962 Атлетико Мадрид 1963 Атлетико Мадрид 1964 Атлетико Мадрид 1965 Атлетико Мадрид 1966 Гранољерс 1967 Гранољерс 1968 Гранољерс 1969 Барселона Година Првак 1970 Гранољерс 1971 Гранољерс 1972 Гранољерс 1973 Барселона 1974 Гранољерс 1975 Калписа 1976 Калписа 1977 Калписа 1978 Калписа 1979 Атлетико Мадрид 1980 Барселона Година Првак 1981 Атлетико Мадрид 1982 Барселона 1983 Атлетико Мадрид 1984 Атлетико Мадрид 1985 Атлетико Мадрид 1986 Барселона 1987 Елгоријага Бидасоа 1988 Барселона 1989 Барселона 1990 Барселона

АСОБАЛ лига Година Првак 1991 Барселона 1992 Барселона 1993 ГД Тека 1994 ГД Тека 1995 Елгоријага Бидасоа 1996 Барселона 1997 Барселона 1998 Барселона 1999 Барселона 2000 Барселона 2001 Каха Еспања Адемар Година Првак 2002 Портланд Сан Антонио 2003 Барселона 2004 Сијудад Реал 2005 Портланд Сан Антонио 2006 Барселона 2007 Сијудад Реал 2008 Сијудад Реал 2009 Сијудад Реал 2010 Сијудад Реал 2011 Барселона 2012 Барселона Година Првак 2013 Барселона 2014 Барселона 2015 Барселона 2016 Барселона 2017 Барселона 2018 Барселона 2019 Барселона 2020 Барселона 2021 Барселона 2022 Барселона 2023 Барселона

Титули по екипа Екипа ГодиниБарселона 1969, 1973, 1980, 1982, 1986, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2003, 2006, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022, 2023 Гранољерс 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1966, 1967, 1968, 1970, 1971, 1972, 1974Атлетико Мадрид 1952, 1954, 1962, 1963, 1964, 1965, 1979, 1981, 1983, 1984, 1985 Сијудад Реал 2004, 2007, 2008, 2009, 2010Калписа Аликанте 1975, 1976, 1977, 1978Тека Кантабриа 1993, 1994Бидасоа 1987, 1995 Сан Антонио 2002, 2005Адемар Леон 2001Реал Мадрид 1953Сабадељ 1955

ЕХФ Коефициент Рангирање на европските ракометни лиги Рангирање според ЕХФ за сезоната 2022/23:

1.  (1) Прва Бундеслига (145.00) 2.  (3) АСОБАЛ лига (121.50) 3.  (2) Прва лига на Франција (104.33) 4.  (5) Прва лига на Унгарија (94.17) 5.  (7) Прва лига на Данска (87.33)

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Статистика за АСОБАЛ лигата

Категорија:Ракометни лиги во Европа Категорија:Ракометот во Шпанија