Напоредна анализа, позната и како Хорнова напоредна анализа, ― статистичка метода што е користена за одредување на бројот на компоненти што треба да бидат задржани во анализата на главната компонента или фактори што треба да бидат задржани во истражувачката факторска анализа. Името е по психологот Џон Л. Хорн, кој го создал методот, објавувајќи го во списанието Психометрика во 1965 година. Методот ги споредува сопствените вредности створени од податочната матрица со сопствените вредности створени од матрицата на симулицијата „Монте-Карло“ создадена од случајни податоци со иста големина.
Евалуација и споредба со алтернативи Напоредната анализа е сметана за еден од попрецизните методи за одредување на бројот на фактори или компоненти што треба да се задржат. Од нејзиното првично објавување, предложени се повеќе варијации на напоредна анализа. Други методи за определување на бројот на фактори или компоненти што треба да се задржат во анализата вклучуваат одронскиот заплет, Кајзеровото правило или Велицеровиот МАП тест.
Антон Форман обезбедил и теоретски и емпириски докази дека примената на напореднатаанализа можеби не е соодветна во многу случаи бидејќи нејзината изведба е под влијание на големината на примерокот, дискриминацијата на ставките и видот на коефициентот на корелација.
Применување Напоредна анализа е применета во JASP, SPSS, SAS, STATA и MATLAB и во повеќе пакети за програмскиот јазик R, вклучувајќи ги и пакетите psych multicon, hornpa, и paran.
Поврзано
Одронски заплет Истражувачка факторска анализа § Избор на соодветен број фактори Марченко-Пастурова распределба
Наводи
Категорија:Факторска анализа Категорија:Повеќеврстна статистика