Прокупец — балканска сорта грозје (Vitis vinifera) која се користи за правење розови и црвени вина, потоа за купажа како и за производство на вино и вињак.
Потекло на поимот Името го добило според градот Прокупље, каде што се одгледувало од дамни времиња.
Виногорје Прокупецот се одгледува Србија, Македонија и Бугарија. Спорадично се одгледува и во Русија.
Според Правилникот за изменување на Правилникот за класификација на препорачани и одобрени сорти на грозје за производство на вино за секоја лозарска област за производстство на вино во Македонија, прокупецот е препорачана сорта во виногорјата:
Скопско Виногорје Велешко Виногорје Тиквешко Виногорје Кочанско-виничко Виногорје Кумановско Виногорје Кратовско Виногорје Пијанечко Виногорје Прилепско Виногорје Битолско Виногорје Преспанско Виногорје Охридско Виногорје Кичевско Виногорје Тетовско Виногорје
Ботанички опис Бујност - развива многу бујна пенушка со исправени ластари. Врвот на младиот ластар е белузлаво-сив, свиткан и влакнест. Зрелите ластари се средно дебели или дебели, со кратки или средно долги виолетови интерноди. Бојата на кората на ластарите е црвеникава. Зимското окце на оваа сорта е средно развиено, конусно, покриено со темни лушпи. Развиениот лист е голем, цел или троделен, со прилично плитки горни странични засеци. Кората е плитко избраздена, темнозелена, мрежесто збрчкана и мека. Лицето на листот има ретки и едвај видливи пајажинести влакненца, додека на наличјето е обраснато со средно густи сиви влакна. Нервите се зелени од двете страни, добро истакнати на задната страна. Запците се со различни големини, доста заоблени. Петелката е со средна дебелина и должина, малку ребреста, зелена и делумно виолетова. Цветот е морфолошки и функционално хермафродит со 5-6 прашници, кои се нешто повисоки по положба во споредба со добро развиениот толчник во облик на шише. Зрното е со средна големина, тркалезно, со темносина кожа, сочно, без изразен мирис и со пријатен вкус. Гроздот е со средна големина, поретко голем, со цилиндрично-конусен облик, средно збиен. Тежината на гроздот значително варира во зависност од сортата и клонот од 150 до 300 грама. Гроздот најчесто се наоѓа на четвртото и петото коленце на родниот ластар. Петелката на гроздот е кратка и зелјеста.Детаљан опис сорте и најважније особине Здрава Србија, Виноградарсво, 9.март 2013. Приступљено 13.новембра 2016.
Агробиолошки особености Епоха на зреење - грозјето зрее помеѓу III и IV епоха. Многу доцна сорта со долга вегетација. Стапката на плодност е многу висока и се движи од 1,3 до 1,6. Принос на грозје - многу приносна сорта. Приносите на грозје варираат од 15.000 до 20.000 кг/ха. Закројување - му одговара кратко кроење. Кондирите се режат на 2-3 окца. Облици на одгледување - сите на кои може да се примени краткa резидба. Во старите лозја се одгледува со или без колци бидејќи тоа го овозможуваат силните и исправени ластари. Видови почви - дава најдобри резултати на суви, пропустливи, лабави, камено-чакални, умерено плодни и топли почви. Отпорност на криптогамски заболувања - средно отпорен на пепелница, а многу чувствителен на пламеница. Има изразена отпорност на сива мувла. Отпорност на ниски температури - умерено отпорен е на зимски мразови. Окцата замрзнуваат на - 16 °C. Афинитет кон подлоги - се препорачуваат следните подлоги: Berlandieri X Riparia kober 5BB, Teleki 8B, Š XB 41B, SO4, Rupestris du Lot и други.
Поважни особености Состав на грозјето (g) Маса на гроздот 130 - 300 Маса на зрната 90 - 193 Маса на шепурината 4,10 - 6,69 Состав на зрната (g) Маса на кожата 6,53 - 10,40 Маса на семките 4,87 - 6,40 Маса од месото 85,20 - 181,94 Структура на гроздот (%) Шепурина 2,45 - 4,72 Кожичка 3,38 - 8,17 Семки 2,52 - 4,59 Месо 70,30 - 90,75 Скелет 6,73 - 10,37
Технолошки и органолептички особености на ширата и на виното
Особености на ширата Ширата содржи 18-22% шеќер и 6-7 вкупни киселини. Безбојна е. При посилно цедење на грозјето се добива шира со розовкаста боја. Вкусот и мирисот се пријатни. Приносот на сокот е 65-70%.
Особености на виното Виното содржи 11-13% алкохол и 5-6 вкупни киселини. Многу питко, освежувачко, црвена или рубин црвена боја, мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша. Кога се остава подолго време во комината, виното станува горчливо поради ослободување на танини. Со одлежување, виното добива на квалитет.Сорте за квалитетна црвена и црна вина , Виноградари и винари Опленачког краја. Пристапено 13 ноември 2016.
Консумирање Се препорачува консумација на температура од 16-18°С со лесни предјадења, тестенини и варива.
Поврзано Каберне совињон Вранец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Грозје Категорија:Вино Категорија:Македонски вина Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ