Лингва франка нова („Елефен“) — јазик што е осмислен да биде едноставен, доследен и лесен за учење заради употреба во меѓународното општење. Јазикот има повеќе предности: Има ограничен број на фонеми. Звучи слично на италијански и шпански. Фонетски се срича. Ниедно дете нема да треба да помине години за да ги изучи отстапувањата од правилата. Граматиката во целост се заснова на правила, што е слично со креолските јазици. Има ограничен број на афикси што служат за изведување зборови според одредени правила. Има добро определени правила за редоследот на зборовите, што е својство на многу од големите јазици. Неговиот речник во голема мера се заснова на современите романски јазици. Овие јазици се широко распространети и влијателни, а исто така имаат голем придонес кон англискиот речник. Осмислен е природно да ги прифаќа латинските и грчки технички неологизми, што всушност е „светски стандард“. Осмислен е за да изгледа релативно „природно“ за оние што се запознаени со романските јазици без да им биде потежок за учење на останатите.

Наводи

Категорија:Вештачки јазици