Мојот маж — збирка раскази на македонската писателка Румена Бужаровска објавена во 2014 година.

За книгата Раскажувачикте во книгата раскази Мојот маж, само навидум зборувајќи за својот сопруг, всушност зборуваат за нивните стравови, мрачни тајни, недозволени копнежи, интимни фрустрации. Пренесени низ призмата на жена, мајка, вдовица, прељубница, уметничка, домаќинка, сместени во нашето секојдневие и раскажани со едноставен јазик, кој изобилува и со хумор и со тага, овие раскзаи даваат глас на проблемите што општеството ни налага да ги криеме.

Сите раскази во оваа збирка се раскажани во прво лице од различни жени. Сите овие раскази се за нив колку што се за нивната околина, односите со сопрузите, децата, родителите, колегите и пријателите. Кога зборуваат за нивните бракови и сопрузи, гинеколози, поети, полицајци, зборуваат за професиите и нивните статуси, зборуваат и за односите на моќ, бидејќи повеќето женски ликови се во сенка и емотивно и социјално запоставени поради престижот на нивните сопрузи. и нивните професии.

Расказите во збирката Мојот маж се реалистични, скоро секој од нас, без разлика дали преку сопственото или туѓото искуство, лесно може да се идентификува со секој лик од оваа збирка бидејќи ниту една од нив не е еднодимензионална, чисто зло или целосно добра, туку повеќеслоен. Уште една особеност што ја прави оваа збирка исклучително интересна е дозата на хумор со која пишува Румена. Во приказните обично нема чиста комедија, но има таква што остава горчлив вкус во устата.

Оригиналното издание на македонски јазик е објавено во 2014 година. содржи единаесет раскази: Мојот мај, поет, Супа, Прељубник, Гени, Нектар, Празно гнездо, Човек од навика, Татко, Сабота, пет попладне, Лиле и Осми март.

Содржина Првото издание на македонски јазик е објавено во 2014 година и содржи единаесет раскази:

Мојот маж, поет, Супа, Прељубник, Гени, Нектар, Празно гнездо, Човек од навика, Татко, Сабота, пет попладне Лиле и Осми март

Драматизација Расказите од Мојот маж се драматизирани од Драмскиот театар во Скопје во режија на Нела Витошевиќ.

Изданија на други јазици Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа „Бука“ од Белград во 2017 година во превод на Ирена Шентевска.

Збирката раскази „Мојот маж“ на грчки јазик ја објавила издавачката куќа „Гутенберг“ и е во превод на реномираната преведувачка Александра Јоаниду, професорка на Универзитетот Аристотелис во Солун.

Наводи

Надворешни врски Румена Бужаровска Мојот маж Moj muž - Румена Бужаровска, Ivica Baković (Translator) Rumena Bužarovska “Moj muž” Moderna vremena - Moj muž „МОЈОТ МАЖ“ ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА – КРИТИЧКИ ОСВРТ - Лука Иванов

Категорија:Македонска книжевност Категорија:Македонски дела од 2014 година Категорија:Книги од 2014 година Категорија:Дела на Румена Бужаровска Категорија:Изданија на Блесок