Белоградчик () — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белоградчик во Видинската Област. Има население од околу 4.723 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Градот се наоѓа во подножјето на Стара Планина, на околу 50 километри јужно од реката Дунав и на околу 67 километри од регионалниот центар Видин. Градот е многу блиску до Белоградчичките Стени, кои зафаќаат површина од 90 квадратни километри и достигнуваат висина до 200 метри.
Историја Населбата настанала во времето на Римјаните, кои изградиле тврдина на истото место каде што се наоѓаат денешните остатоци од Белоградчичката тврдина.
Во 14 век, Белоградчик бил дел од Видинското Царство, а Белоградчичката тврдина била меѓу најтешките за освојување во земјата.
По османлиската инвазија за градот се откриени податоци во османлиски регистар од 1454 година. За време на османлиското владеење, жителите главно се занимавале со занаетчиство и земјоделство. Во 1850 година, во областа избувнало востание, кое било задушено во крв.
Белоградчичката тврдина била обновена во сегашната форма и по ослободувањето на Бугарја. Во војната од 1885 година, набргу по обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија, Србите го направиле првиот обид да го заземат градот, но биле поразени.История на Сръбско-българската война 1885 г. Щаб на армията – Военно-историческа комисия. София, Държавна печатница, 1925, стр. 710 – 712
На почетокот на Балканската војна, пет лица од Белоградчичк доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 829.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на Општината Белоградчик
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Видин