Тимоти Геглајн (), (, ) — специјален асистент на претседателот на САД, Џорџ В. Буш, и заменик директор на Канцеларијата за јавни врски во Белата куќа од 2001 до 2008 година. Во јануари 2009 година, Геглајн станал потпретседател за надворешни и владини односи за христијанската организација Фокус на семејството.
Животопис Геглајн е роден на 6 јануари 1964 година во Форт Вејн, Индијана.
Тој е Американец, но со македонско потекло бидејќи потекнува од семејство на македонски имигранти кои се преселиле во САД.
Високото образование го завршува на Универзитетот во Блумингтон, Индијана, на насоките Новинарство и Политички науки.
Како истакнат кадар на Републиканската партија во САД, Геглајн ќе биде повикан да работи на позицијата Специјален советник на американскиот претседател Џорџ Буш Јуниор и Заменик директор во Канцеларијата за јавни и меѓувладини односи при Белата куќа, од 2001 до 2008 година. За време на администрацијата на Буш, кога Геглајн бил претседателски советник, македонската држава ќе добие официјално признавање од САД под тогашното уставно име Република Македонија.
Претходно, Геглајн работел како асистент на сенаторот на сојузната држава Индијана, Ден Коутс, а бил и портпарол на републиканецот Гери Бауер, кандидат за Претседател на САД во 2000 година.
Тој сега работи како Потпретседател за надворешни односи во Фокус на семејството, американска непрофитна огранизација од христијански и конзервативен карактер.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американци со македонско потекло Категорија:Републиканци (САД)