Оваа статија е за фудбалерот. За одбојкарот, видете Ѓорѓи Ѓорѓиев (одбојкар).
Ѓорѓи Ѓорѓиев (роден на 18 јуни 1996 година) ― македонски фудбалер од средниот ред.
Клупска кариера Ѓорѓиев бил фудбалер на Љубанци 1974, клуб со кој се натпреварувал во Втората македонска лига 2015/16.
Во сезоната 2016/17, се преселил во третолигашот Борец 1919 и истата сезона се унапредиле во Втората лига бидејќи екипата завршила на второто место лигата - Југ. Во сезоната 2017/18, Борец 1919 и Ѓорѓиев завршиле на второто место на лигата - Исток и обезбедиле пласман во баражот за упредување. Во првата рунда од баражот, тие го победиле Гостивар на пенали, но изгубиле од Победа во втората рунда и со тоа останале во Втората лига. Следната сезона, Борец 1919 и Ѓорѓиев ја освоиле Втората лига - Исток и директно обезбедиле пласман во Првата лига. Сезоната 2019/20, Ѓорѓиев и Борец опстанале во Првата лига поради пандемијата на КОВИД-19 и прекинот на првенството при што никој не отпаднал поради одлуката на ФФМ. Во сезоната 2020/21, Ѓорѓиев со Борец 1919 завршиле на осмото место. Следната сезона, Борец завршил на претпоследното 11. место и морал да отпадне во Втората лига.
Додека бил играч на Борец 1919, Ѓорѓиев бил капитен на екипата.
Во средината на јуни 2022 година, Ѓорѓиев се преселил од Борец во штипска Брегалница 2008.
Почести
Борец 1919 Првак во Втората македонска фудбалска лига - Исток (1): 2018/19
Наводи
Надворешни врски
Ѓорѓи Ѓорѓиев на Transfermarkt.com Ѓорѓи Ѓорѓиев на Flashscore.com
Категорија:Фудбалери на ФК Тиквеш 1930 Кавадарци Категорија:Фудбалери на ФК Борец (Велес) Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери од Велес Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Машки фудбалски средишници