Ване Јованов (роден на 28 декември 1998 година) ― македонски одбранбен фудбалер.
Клупска кариера Младинската кариера ја има започнато во Академија Пандев.
Во 2015 година, односно за сезоната 2015/16, бил вклучен во сениорскиот состав на третолигашот Академија Пандев. Таа сезона, Јованов и Академија Пандев биле прваци во Трета лига - Исток и влегле во Втората лига. Сезоната 2016/17, Академија Пандев со Јованов ја освоиле Втората лига и обезбедиле директен пласман во Првата лига. Сезоната 2017/18 ја започнал во Академија Пандев, но бил даден на позајмица во второлигашот Брегалница 2008 за да игра во втората полусезона. Во сезоната 2018/19, Ване Јованов се вратил во Академија Пандев и со екипата го освоил Купот на Македонија. Сезоната 2019/20, Ѓорѓиев и Борец опстанале во Првата лига поради пандемијата на КОВИД-19 и прекинот на првенството при што никој не отпаднал поради одлуката на ФФМ. Во сезоната 2020/21, Ване Јованов со Академија Пандев бил вицепрвак во Купот на Македонија, кога изгубиле на пенали од Силекс. Сезоната 2021/22 ја започнал во Академија Пандев, но го напуштил клубот и втората половина од сезоната ја одиграл во второлигашот Вардар. Сезоната 2022/23 ја почнал во второлигашот Каменица Саса, додека втората половина од сезоната станал играч на прволигашот Победа. Во јуни 2023, тој го сменил клубот за сезоната 2023/24 и се приклучил на родниот клуб Брегалница 2008 кој играл во Првата лига.
Почести мини|десно|280п|Јованов (крајно десно) со соиграчите на Академија Пандев ја слават титулата во Купот. Академија Пандев Првак во Купот на Македонија (1): 2018/19 Вицепрвак во Купот на Македонија (1): 2020/21 Првак во Втората македонска фудбалска лига (1): 2016/17 Првак во Третата македонска фудбалска лига - Исток (1): 2015/16
Наводи
Надворешни врски
Ване Јованов на Transfermarkt.com Ване Јованов на Soccerway.com Ване Јованов на Flashscore.com
Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на ФК Академија Пандев Категорија:Фудбалери на ФК Каменица Саса Категорија:Фудбалери на ФК Победа (2010) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Третата македонска фудбалска лига Категорија:Машки фудбалски одбранбени играчи Категорија:Македонски фудбалски одбранбени играчи