Драмски Санџак (отомански турски : Sancak-i/Liva-i Drama) ― отомански санџак или лива односно покраина од второ ниво, што го опфаќала регионот околу градот Драма (сега во Егејскиот дел на Македонија) во источна Македонија.
Санџакот бил создаден како дел од реформите на Танзимат околу 1846 година, од територија земена од различни покраини; Самата драма му припаѓала на Серскиот Санџакот. Санџакот му припаѓал на Солунскиот Пашалак, по 1867 година на Солунскиот Вилает. Во 1867–69 година, Драмскиот Санџак бил повторно споен во Серскиот Санџак, повторно воспоставен и потоа привремено укинат во 1872–73 година. Во 1891 година, нејзините територии источно од реката Места станале дел од Одринскиот Санџак.
Во 1912 година, Санџакот содржел шест кази (помали единици): Драмска, Кавалска, Саришабанска, Тасоска и Правишка. Санџакот бил распуштен кога бил окупиран од бугарските трупи во Првата балканска војна, а во 1913 година, по Втората балканска војна, таа територија станала дел од Грција.
Извори
Категорија:Солунски вилает Категорија:Држави и територии распаднати во 1912 година Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Престаноци во 1912 година во Отоманското Царство Категорија:Појавено во 1840-тите во Отоманското Царство Категорија:Држави и територии настанати во 1840-тите Категорија:Историја на Драма (град)