Бразилско Царство ― држава од 19-тиот век чија територија го зафаќала денешен Бразил Бразил и (до 1828 година) Уругвај. Основана била во 1822 година, а во 1889 била заменета со република. во 1889 година. Власта била репрезентативна парламентарна уставна монархија на чело со царот Педро I и неговиот син Педро II.
По окупацијата на Португалија од страна на Наполеон, , најважната од португалските колонии. После тоа, Бразил добил самоуправа под власта на португалската династија Браганца . Враќањето на власта во Лисабон по неговото ослободување од Наполеон предизвика протести, а Бразил стекна независност од Португалија, иако под власта на гранка на португалското кралско семејство.
По инвазијата на Наполеон на Португалија, португалското кралско семејство се преселило во егзил во Бразил, најважна колонија на Кралството Португалија, и во 1808 бразилскиот град Рио де Жанеиро станал седиште на Португалското Царство. Кралот Јован VI подоцна се вратил во Португалија, и го оставил неговиот најстар син и наследник, Педро, како регент да владее со Кралството Бразил. На 7 септември 1822 година, Педро прогласил независност на Бразил и, по успешната војна против кралството на неговиот татко, на 12 октомври бил прогласен за прв цар на Бразил под името Педро I. Новата држава била огромна, ретко населена и етнички разновидна.
За разлика од повеќето соседни шпанско-американски републики, Бразил имал политичка стабилност, брз економски раст, уставно загарантирана слобода на говор и почитување на граѓанските права на своите поданици, но со законски ограничувања за жените и робовите, кои се сметале за сопственост, а не за граѓани. Дводомниот парламент на царството бил избиран по релативно демократски методи за тоа време.
По неуспешната Цисплатинска војна против Обединети Покраини на Рио де ла Плата од 1828 година се отцепила покраината Цисплатина (подоцна Уругвај). Во 1826 година, и покрај неговата улога во бразилската независност, Педро I станал крал на Португалија. Педро I Абдицирал од бразилскиот престол на 7 април 1831 година и веднаш заминал за Европа за да ја вратам неговата ќерка на португалскиот престол. Цар на Бразил станал неговиот петгодишен син Педро II. Бидејќи бил малолетен, била создадена слаба регентска управа. Педро II, откако го презел раководењето со кралството успеал да донесе мир и стабилност во земјата, која станала меѓународна сила во подем.
Иако последните четири децении од владеењето на Педро II биле обележани со постојан внатрешен мир и економски просперитет, тој не направил ништо за опстанок на монархијата по неговата смрт. Наследник на престолот била неговата ќерка Изабел, но Педро II и владејачките класи сметале дека за царскиот престол не е прифатлива жена мажена за странец. Рамнодушноста на монархот и неговата наследничка за иднината на царството и децениската политичка стабилност довеле до тоа, дел од новата политичка класа, под влијание на американскиот републиканизам и позитивизам, да нема причина да ја брани монархијата. По 58-годишно владеење, на 15 ноември 1889 година, царот бил соборен со ненадеен државен удар предводен од клика на воени водачи чија цел била формирање на република предводена од воен диктатор, и ја основале „Републиката на мечот“.
Историја
Независност и раните години алт=A map showing the Empire and its provinces|лево|мини| Царство Бразил. Неутрална општина била Рио де Жанеиро, главен град на царството во рамките на истоимената покраина На 22 април 1500 година, морепловецот Педро Алварес Кабрал пристигнал на брегот на територијата која подоцна ќе стане позната како Бразил. Во 1532 година територијата била населена од Португалци, а во следните 300 години тие полека се проширувале на запад додека не стигнале до речиси денешните граници на Бразил. Во 1808 година, војската на францускиот цар Наполеон I ја нападнала Португалија, и го принудила португалското кралско семејство - Династијата Браганца, огранок на илјадагодишната династија Капет - во егзил. Кралското семејство се преселило во бразилскиот град Рио де Жанеиро, кој станал неофицијално седиште на Португалското Царство.
Во 1815 година, португалскиот престолонаследник Дом Јован (подоцна Дом Јован VI), како регент, го создал Обединетото Кралство Португалија, Бразил и Алгарвес, со што го подигнал статусот на Бразил од колонија во кралство. Следната година, по смртта на неговата мајка, Марија I од Португалија, тој седнал на португалскиот престол. Во април 1821 година се вратил во Португалија и го оставил неговиот син принцот Дом Педро, да владее со Бразил како негов регент. Португалската влада веднаш презела чекори да ја отповика политичката автономија која Бразил ја стекнал 1808 година. Можноста од губење на ограничената контрола врз локалните работи предизвикало широко распространето негодување кај Бразилците. На 7 септември 1822 година, Хосе Бонифасио де Андрада, заедно со други бразилски водачи, го убедиле Педро да прогласи независност на Бразил од Португалија. На 12 октомври, принцот бил прогласен за Педро I, прв цар на новосоздаденото Царство Бразил. Вооружените воени единици лојални на Португалија се спротивставиле на прогласувањето независност. Низ цела земја започнала Војната за независност, а битки се воделе во северните, североисточните и јужните региони. Последните португалски војници се предале во март 1824 година, а Португалија ја признала независноста на Бразил во август 1825 година.
На почетокот од 1825 година во покраината Цисплатина избувнало востание за отцепување од Бразил, а потоа имало обид на Обединетите Покраини Рио де ла Плата (подоцна Аргентина) да ја припојат Цисплатина. Овие настани го втурнале царството во Цисплатинска војна: „долга, неславна и на крајот залудна војна на југот". Во март 1826 година, Јован VI починал и Педро I ја наследил португалската круна, накратко станал крал Педро IV од Португалија и веднаш абдицирал во корист на неговата најстара ќерка Марија II. Состојбата во Бразил се влошила во 1828 година кога во војната на југот завршила така што Бразил ја изгубил Цисплатина, која станала независна република Уругвај. Истата година во Лисабон, Марија II била соборена од престолот од принцот Мигел, помлад брат од Педро I.
Царството, исто така, се соочило со проблеми со Генералното собрание, основано во 1826 година. Педро I, и мнозинството пратеници во законодавниот дом, се залагале за независно судство, народно избран законодавен дом и влада на чело со царот кој ќе има широки извршни овластувања и прерогативи. Други пратеници се залагале за слична структура, но со помалку влијателна улога за монархот и законодавната власт да доминира во политиката и управувањето. Борбата за тоа дали доминантен во власта ќе биде царот или од парламентот се прелеала во расправи за воспоставување на владината и политичка структура од 1826 до 1831 година. Не можејќи истовремено да се справи со проблемите во Бразил и Португалија, царот на 7 април 1831 година абдицирал во корист на неговиот син, Педро II, и веднаш заминал за Европа за да ја врати својата ќерка на португалскиот престол.
Регентство (1831-40) алт=Photograph showing the Imperial Palace in Rio de Janeiro with carriages and mounted honor guard in the square fronting the palace.|мини| Градската палата, седиште на Бразилската царска влада, во 1840 година По заминувањето на Педро I, шеф на државата станало петгодишно момче. Царството во следните дванаесет години требало да биде без силна извршна власт, затоа што, според Уставот, Педро II не можел да ја практикува власта како цар додека не стане полнолетен, односно до 2 декември 1843 година. Во меѓувреме со земјата бил избран да владее регент. Бидејќи Регенцијата немала некои од овластувањата на царот и била целосно подредена на Генералното собрание, таа не можела да го пополни вакуумот во извршната власт.
Регенцијата била неспособна да ги реши споровите и ривалствата меѓу државните и покраинските политички фракции. Со надеж дека ако им се даде поголема автономија на провинциските и месните власти ќе го задуши се поголемото незадоволство, Генералното собрание во 1834 година изгласало уставен амандман, наречен Ato Adicional (Дополнителен акт). Наместо да го запре хаосот, новата моќ само ги потхранувала амбициите и соперништвото кај фракциите. Избувнало насилство низ целата земја. Партиите жестоко се бореле за власт во покраините и општините, бидејќи ако една партија доминирала во покраините, исто така, добивала контрола врз изборниот и политичкиот систем. Партиите кои ги загубиле изборите се обиделе насилно да ја преземат власта, и како резултт на тоа имало неколку бунтови.
Политичарите кои дошле на власт во текот на 1830-тите веќе се запознале со тешкотиите и замките на владеењето. Според историчарот Родерик Џеј Барман, во 1840 година „тие веќе ја изгубиле сета вера во својата способност сами да управуваат со земјата. Го прифатија Педро II како авторитетна фигура чие присуство беше незаменливо за опстанокот на земјата.“ Некои од овие политичари (кои во 1840-тите ќе ја формираат Конзервативната партија) сметале дека на земјата ѝ е потребна неутрална фигура - некој кој ќе може да застане над политичките фракции и ситните интереси. Се залагале за цар кој ќе биде позависен од законодавниот дом за разлика од уставниот монарх замислен од Педро I, но сепак со поголеми овластувања од оние за кои се залагале нивните противници на почетокот на Регенцијата (кои подоцна ја формирале Либералната партија). Меѓутоа, либералите поднеле иницијатива за намалување на законската граница за стекнување на полнолетство на Педро II од осумнаесет до четиринаесет години. Царот бил прогласен за способен да владее во јули 1840 година.
Консолидација алт=Photograph of various residential and commercial buildings along a waterfront.|лево|мини| Ресифе, главен град на Пернамбуко (бразилски североисток), две години по завршувањето на Праиерскиот бунт. По започнувањето на владеењето на Педро II во 1840-тите, Бразил бил обединет, бунтовите биле задушени и биле донесени многу закони. Конзервативците имале мнозинство во законодавниот дом, а местењето избори организирани од власта било честа појава. Во 1842 година, на пример, Педро II ја искористил својата „задржувачка моќ“ и го распуштил новоизбраниот парламентарен состав во кој мнозинство имале либералите и закажал нови избори, на кои преку полнење на гласачките кутии со лажни гласачки ливчиња победиле конзервативците.
За да ги постигнат своите цели, либералите се здружиле со група високи службеници во палатата, „Дворската фракција“. Дворниците биле дел од внатрешниот круг на царот и имале воспоставено влијание врз него, што овозможило назначување на низа либерално-дворски кабинети. Нивната доминација, сепак, била краткотрајна. Во 1846 година, Педро II бил физички и психички созреан. Веќе не бил несигурното 14-годишно момче потресувано од озборувања, тајни заговори и други манипулативни тактики; слабостите на младиот цар избледеле и до израз дошла неговата сила на карактер. Тој успешно го решил влијанието на дворјаните така што ги отстранил од својот внатрешен круг. Тој, исто така, се дистанцирал од либералите, кои додека биле на функција се покажале како неефикасни и во 1848 година ги повикал конзервативците да формираат влада.